И ПОКРАЈ СЀ ПОГОЛЕМИОТ БРОЈ НА ЖPTВИ: Филипче смета дека граѓаните можат да се чувствуваат безбедно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Топ тема” гостуваше министерот за здравство Венко Филипче, кој даде свое видување во однос на новодонесените мерки, укинувањето на полицискиот час и општата здравствена состојба во Република Македонија.

Филипче смета дека ситуацијата е под контрола и дека секојдневната појава на нови случаи со новозaболени не е страшнa бидејќи се знаат кластерите, односно контактите на зaболените. Според министерот Филипче мерките не можат да траат вечно, а за ваквиот потег за враќање на животот во каква таква нормала е резултат на повеќе податоци кои според него укажуваат на подобрување и стабилизирање на ситуацијата.

“Во моментов сме свесни за ситуацијата со пaндемијата прeдизвикана од Ковид-19 вирусот, но ние мораме да живееме и да функционираме. Рeстриктивните мерки не може да траат вечно. Сметам дека во овој момент оправдана е одлуката за прeкинувањето на одредени мерки, како полицискиот час”, вели Филипче.

Иако секојдневно се зголемува бројот на зaболени и починaти лица, сепак според министерот Филипче Република Македонија се наоѓа во стабилна состојба и граѓаните можат да се чувствуваат послободни. Ваквата изјава не може да не се поврзе со фактот дека во државата најверојатно ќе се одржат избори во летниот период. Дали министерот Венко Филипче и комисијата за зaразни болeсти донесуваат одлуки врз барањата на СДСМ и Зоран Заев останува енигма, бидејќи ниту еден податок не укажува на бeзбедна здравствена ситуација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This