И СЗО контра власта, нема гаранција дека организирањето избори е безбедно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефицата на канцеларијата на Светската Здравствена Организација во Македонија, Д-р Јихане Тавилах, во едно свое гостување во емисија на телевизија Алсат истакна дека нема гаранција дека организирањето избори, за време на пандемија со коронавирусот, не се опасни иако тие би се одржале по одредени протоколи за заштита.

-Избори би можеле да бидат организирани со земање во предвид на протоколите за заштита, но како и во случајот со други групирања, нема 100 проценти гаранција дека не е опасно, рече Тахивал во своето гостување од пред неколку дена.

Македонскиот министер за здравство, Венко Филипче оди контра СЗО. Тој денес, кога државата имаше регистрирано рекорден број на новозаразени и почината од вирусот корона, рече дека организирањето избори не било ризик по здравјето на граѓаните.

-Било кој настан, вклучувајќи ги и изборите, доколку е организиран според протоколите и препораките на Комисијата за заразни болести, не претставува ризик по граѓаните, истакна денес Филипче.

Неговиот став е диаметрално различен од ставот на СЗО во врска со безбедноста на граѓаните при организирањето избори на 5 јули.

Latest News

55club – Your Ultimate Betting Partner

Are you tired of constantly searching for the best betting tips and odds? Look no further, because 55club is...

More Articles Like This