И ЦРВЕНКОВСКИ БИЛ ШПИУН НА ЦИА: Документи откриваат дека и Црвенковски како Димитров бил информатор на ЦИА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стево Црвенковски и Никола Димитров како министри за надворешни работи ќе останат запаметени како луѓето кои во два посебни наврати го ставија својот потпис на промената на името и бришењето на Македонија. Овие луѓе своевремено најпрви преговараа за онаа cpaмна кратенка ФИРОМ, за потоа да преговараат и за и да ја договорат Северна.

 

Иако навидум различни, едниот делкариран десничар, другиот ,,комyњap” сепак Стево Црвенковски и Никола Димитров имаат нешто заедничко кое ги спојува покрај промената на името која и двајцата ја потпишаа и договорија.

И тогаш како и сега речиси играчите да се непроменети, Метју Нимиц тогаш иако не е овластен преговарач, тој е искусен дипломат кој посредува помеѓу грчката и македонската страна за промена на името и тогашното решение Поранешна Југословенска Република Македонија.

Клучно е што во тој момент министер за надворешни работи е Стево Црвенковски кој според декласифицираните информации од базата на ЦИА е во тоа време соработник на американската држава. Во превод тогашното решение ФИРОМ е целосно спонзорирано од американската држава со оглед на тоа што во моментот олеснувач како и сега е Метју Нимиц, а Цвенковски е американски човек, односно информатор на ЦИА.

Тогаш како и сега решението се промовираше како конечно и големо достигнување на дипломатијата, пример за тоа како треба да се решаваат споровите во регионот и флоскули кои застрашувачки потсетуваат на сегашните пораки кои ги испраќа Западот.  И тогаш како и сега решението е дефинитивно спонзорирано од Западот, поточно од САД.

Историјата се повторува, особено на оние луѓе кои не ја познаваат и не ја прооучуваат, па така Македонија по втор пат го промени своето име со решение посредувано од Метју Нимиц овој пат зад знамето на Обединети Нациии. Како што ни откриваат информациите објавени од Викиликс Никола Димитров, американскиот амбасадор Филип Рикер го информира Стејт Департментот дека преговорите околу името во 2008 закочиле во моментот кога Бранко Црвенковски како претседател и Никола Груевски како премиер не можеле да ги надминат разликите во врска со предлогот на Нимиц, кој гласел „земи или остави“. Груевски се противел додека Црвенковски сметал дека треба да се прифати.

Информацијата за несогалсувањта во државниот врв на Македонија, помеѓу претседателот и премиерот се чувала во најголема тајност, но како што стои во извештајот на Рикер, Никола Димитров кој имал пристап до ваков вид на информации го информирал американскиот амбасадор за несогласувањата. Рикер пак, тоа го ставил во извештај испратен до Стејт Департментот, со замолница да биде заштитен идентитетот на информаторот – Никола Димитров.

Димитров продолжил да го информира Рикер за текот на преговорите, па во тајност му кажал дека Милошоски го одбил предлогот на Нимиц, уште пред да биде соопштена јавно одлуката на владата на Р.Македонија, што им дало доволно време на Стејт Департментот да изготват нова стратегија уште пред јавното отфрлање на предлогот. Освен за владата во Македонија, Димитров ја шпионирал и грчката страна, поточно тогашната МНР на Грција Дора Бакојани, која исто така во тајност преговарала со Нимиц, но до овие информации пристап имале преговарачите.

Според Рикер, Димитров имал поблиски врски со Црвенкоски отколку со Груевски. Имајќи ги овие информации во предвиди јасно е дека и Стево Црвенковски бил шпиун на ЦИА исто како Никола Димитров, што значи дека двајца амерички луѓе два пати го менуваат името на Македонија.

Линкови до документите од дигиталната архива на Клинтонови:

https://clinton.presidentiallibraries.us/items/show/12500

https://clinton.presidentiallibraries.us/items/show/9271

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This