И ШЕКЕРИНСКА ВЛЕГУВА ВО ИГРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ: Спасовски и Пендаровски уживале најголема доверба кај албанскиот електорат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владините партнери Зоран Заев и Али Ахмети утревечер во Клубот на пратениците по закажаниот состанок со партнерите од коалицијата „За живот“ и сo ДПА и Алтернатива ќе соопштат кој е заедничкиот кандидат за претседател на државата, брифираат извори од владината коалиција. По ова претседателскиот кандидат ќе треба да добие виза од партиските органи на СДСМ и на ДУИ и формална потврда на Конгресот на социјалдемократите закажан за 3 март, пренесува Плусинфо.

Висок функционер од СДСМ за Плусинфо брифира дека изборот на заедничкиот кандидат за шеф на државата е стеснет помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски. Заев ќе треба да пресече дали ќе оди со надпартиски кандидат или со партиско решение.

Од ДУИ пак, брифираат дека сѐ уште во игра се четирите кандидати, односно Спасовски, Пендаровски, министерот за надворешни работи Никола Димитров и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

Информациите од анализите и анкетите се дека и Спасовски и Пендаровски освен кај членството ја имаат поддршката и кај албанскиот електорат. Според некои информации, ДУИ го преферира Спасовски за консензуален кандидат, за Министерството за внатрешни да ѝ припадне на партијата на Ахмети.

Од ДУИ не коментираат дали атакуваат на МВР, но потврдуваат дека аргументите во прилог на поддршка на партиски кандидат за претседател е дека со таква личност полесно ќе се соработува и дека ќе има повеќе разбирање за „некои ситуации“, отколку надпартискиот кандидат.

Од партијата на Ахмети велат дека е важно што успеале да победи концептот на консензуален кандидат и тоа без наметнувања, туку преку анализи и анкети во двете партии.

Од друга страна, размислувањата се дека Заев ќе оди токму со надпартиски кандидат, за како што велат нашите извори, да покаже широчина дека не е како екс премиерот Никола Груевски и дека не сака цела власт да ја приграби за себе.

Доколку дилемата на Заев е Спасовски или Пендаровски, во прилог на надпартискиот кандидат одат аргуменитете дека во вториот изборен круг ќе може да се надева и на гласовите на албанските опозициски партии Алијанса за Албанците и Беса кои најверојатно во првиот круг ќе одат со заеднички кандидат.

По вчерашниот состанок на Заев и Ахмети, премиерот и лидер на СДСМ не се огласи во јавноста. Ахмети соопшти дека паднала одлука за консензуален претседателски кандидат, но одби да коментира кој ќе биде изборот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This