И ШИЛЕГОВ ЌЕ МУ ГО БАЦИ НА СТОЛТЕНБЕРГ: Градоначалникот Шилегов утре ќе преименува улица во чест на Столтенберг

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

После сите кеифови што му ги истера Владата на Зоран Заев, и Петре Шилегов реши „да му го баци пенкалото“ на Столтенберг.

Имено, градот Скопје испрати официјална покана за прослава по повод иницијативата за преименување на една од скопските улици која би требала да го носи името на таткото на Јенс Столтенберг, Торвалд Столтенберг.

Торвалд Столтенберг бил министер за одбрана, министер за надворешни работи и амбасадор на Норвешка во Обединетите Нации. Татко на актуелен ген.сек. на НАТО, Јенс Столтенберг кој ќе учествува на утрешната прослава.

 

Почитувани, Чест ми е да Ве поканам на свеченоста по повод иницијативата за именување на една од градските улици во чест на Торвалд Столтенберг, почесен граѓанин на Скопје истакнат по солидарноста за време на реконструкцијата на Скопје по земјотресот 1963 година. На свеченоста ќе присуствува Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО. Свеченоста ќе се одржи на 06.09.2018 година (четврток) во 10:30 часот на пешачката патека помеѓу Градски стадион и езерцето во Градски парк. Со почит, Петре Шилегов Градоначалник на Град Скопје-стои во поканата испратена од град Скопје.

Ваквата иницијатива освен е непримерна е и незаконска, бидејќи одлука за преименување на улица се носи во Советот на град Скопје, а потоа ја потврдува Владата на Република Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This