И Mилчин yдpи по Љyбчo – „Cepвилнocт и непиcменocт“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Режисерот Владимир Милчин, поранешен извршен директор на Институтот „Отворено општество – Македонија“, реагира за акцискиот план на експремиерот Љупчо Георгиевски за нормализирање на македонско-бугарските односи.

„Не само сервилност, туку и неписменост е неопходна за да се истресе дека нации се формираат со декрет во еден ден!“, вели Милчин за предлогот на Георгиевски до бугарскиот Парламент да донесе декларација со која ќе „признае“ формирање на македонската нација и јазик по 1944 година.

Милчин се осврна и на сугестијата од Георгиевски до Македонија „по шести пат“, како што вели, „да даде гаранција дека како држава со ништо нема да ги помага и поддржува организациите кои бараат македонско малцинство во соседна Бугарија“.

„Никој не може да зборува во името на Македонците во Бугарија. Уште помалку може да тргува со нив“, му порача Милчин на претседателот на Владата од 1998 до 2002 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This