КАДЕ ОДЕЛЕ ПАРИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ?: Наместо за aмбулантни коли, пари се трошеле за партиски вработувања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните имаат право да знаат како се трошат нивните средства и за што истите се наменети! Наместо за амбулантни возила, пари се трошеле за партиски вработувања, објави на Фејсбук дополнителниот заменик министер за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.

Дозволете ми да ги претставам податоците во однос на потрошени финансиски средства за привремени вработувања во јавниот сектор.

Од 01.06.2017 година до февруари 2020 година, оваа Влада потрошила вкупно 1.363.953.998 денари за привремени вработувања.

Имено, само од 2017 година до 2019 година порастот на трошоците по основ на привремени вработувања е за 71,32%. Колку нови амбулантни возила би се купиле и колку би се допринело за намалување на загадувањето со овие средства?

Ме убедуваат дека не се користеле вработувањата за поткуп во предизборниот период, но во месеците јануари и февруари 2020 година има раст од 25,69% на трошоците по овој основ споредено со износот потрошен за истиот период 2019 година.

Напоменувам: Во овие износи не се вклучени трошоците на државните и општински јавни претпријатија, ниту нивните трговски друштва како пример АД ЕЛЕМ, АД МЕПСО, АД Водостопансто и сл., за кои сите знаеме дека се едни од поголемите работодавачи во Македонија.

Со оглед на потрошените финансиски средства за привремени вработувања кои не треба да претставуваат редовно вработување, прашувам како оваа Влада утврди дека администрацијата треба да ја нуди во приватниот сектор, ако за време на своето владеење го зголемила трошокот за привремени вработувања за повеќе од 70%?!

Граѓаните имаат право да знаат како се трошат нивните средства и за што истите се наменети!, пишува Димитриеска – Кочоска.

Почитувани граѓани, Дозволете ми да ги претставам податоците во однос на потрошени финансиски средства за привремени…

Posted by Гордана Димитриеска-Кочоска on Monday, March 2, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This