Каде се парите? – Heма карго аеродром во Штип, сервисиравте дoлгoви на општини, а ништо не е сработено

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Kaде се парите на граѓаните е прашањето кое го поставува советникот во Град Скопје и портпарол на ГРОМ, Александар Трајановски откако Владата на СДСМ ја запре реализацијата на проектот на претходната Влада за изградба на карго аеродром во Штип.

Тој потенцира дека голем број буџетски средства биле пренасочени во сервисирање на општинските долгови, општини кои не изградиле ништо за време на својот мандат.

-Некој такозван криминалец во минатото имал малку поинаква визија од профитот и рентабилноста. Па така тој криминалец предвидел и обезбедил пари за изградба на карго аеродром, кој ќе ги севисира потребите на источниот регион во земјава.

Знаејќи дека локалните самоуправи во овој регион немаат капацитет да менаџираат со аеро сообраќај, товарен и патнички тој некој предвидел дека сепак карго аеродром ќе ги сервисира потребите и интервенциите од ваков тип покривајќи ја целата источна страна на Македонија како и потребите на стопанските капацитети во регионот.

Овие растурикуќи 50-те милиони евра ги пренаменија за полнење дупки во буџетите од општините за реализација на наводни проекти.

Какви проекти и што релизираа проценeте сами.

Доколку карго аеродромот кај Штип беше изграден и канадерите сервисирани денес резултатот од борбата со пожарите во Кочани и Пехчево ќе беше многу поинаков.

Владата на Заев донесе одлука 50-те милиони да се пренаменат и тоа 15 милиони за отстанување на линданот во Охис и 35 милиони по општинитие за некави си проекти.

Линданот од Охис уште не е отстранет, а листата на проекти кои требаше да бидат реализирани со парите од карго аеродомот е следна:

Внимателно проследете што е направено и реализирано:
Од 35те милиони евра 6,6 милиони евра ќе добие Град Скопје за два проекти: изградба на клучката кај Момин Поток и мостот „Карпош“.
Општините Шуто Оризари, Штип, Чаир, Струмица, Тетово, Кичево, Струга, пак, ќе добијат над 1,1 милион евра и тоа за:

– Шуто Оризари – 1,1 милион евра изградба на атмосферска канализација на 4 улици;
– Штип – 1,2 милион евра за изградба на линија 2 со резервоар „Мерите“;

– Чаир – 1 милион евра за реконструкција на дел од водоводните мрежи како и мрежите за канализација и фекални води;
– Струмица – 1,4 милиони евра за регулација на порој „Св. Илија“ на потег од базната преграда до сливот на река Водочница;

– Тетово – 1,1 милион евра за реконструкција на училиштето „Кирил Пејчиновиќ“ и изградба на патот „Благоја Тоска“;
– Кичево – 1,1 милион евра за реконструкција на Центарот на градот, капела кај православните гробишта, центар за кучиња скитници и блок А, Б, В и котлара;
– Струга – над 1 милион евра за изградба на неколку патишта.?

И другари? Има ли нешто од списоков сработено, вели Трајановски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This