КАЗИНАТА НАЈВАЖНИ: Предлагаме отворање на моловите и обложувалниците оваа недела, а од другата кафулињата, рече Филипче

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за здравство на денешната прес конференција рече дека предлог новите мерки од Комисијата за заразни болести денеска ќе бидат доставени до Владата.

И вчера и денеска имавме сосотанок со Комисијата за заразни болести донесовме предолг план за мерките кој ќе биде доставен до Владата.Три критерими беа клучни, за да се донесат новите мерки односно дали имаме здравствен систем кој може да се изменаџира, дали е под контрола бројот на новозаболени и дали системот за надзор може да ги открие новите случаи и да ги пронајде нови. По спроведената анализа констатиравме дека може да се воведат нови помеки мерки. Нашиот предлог е оваа недела да се вратат во функција центрите за едукација, авто-школите спортските центри, семинари, тенисот, спортски обложувалници, молови каде нема да има угостителска дејност. По увид во новата епидемиолошка анализа би можело да се разгледува отворањето на угостителските објекти, а неделата потоа и игрите на среќа и спортовите во затворен простор, изјави Филипче.

Од оваа недела ќе се отворат затворените трговски центри, а наредната кафулињата и рестораните, се предвидува со препораките на Комисијата за заразни болести, кои денеска ќе се најдат на усвојување на владина седница. Како што кажа министерот Венко Филипче по направените анализи за состојбата со коронавирусот во државата согласно препораките на Светската здравствена организација, е констатирано дека се исполнети услови за олабавување на рестриктивните мерки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This