April 27, 2024, 10:56 pm

Каква дeградација на Собранието: Деноноќно се рacправа за да се лeгализира уште еден криминал на Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бране Петрушевски, Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање посочи дека владата брза со овој закон да се изгласа за да може да се легализира уште еден криминал од страна на Зоран Заев. Според пратеникот Петрушевски за сето ова еден ден ќе следи одговорност.

– Доживеавме да тој се степен да се деградира овој претставнички дом на граѓаните и веќе два дена да расправаме за народски кажано купородажен договор кој што си го направиле двајца олигарси од Република Македонија, едниот вршител на финкцијата премиер на Република Македонија и другиот сопственик на Макптерол и негов близок политички соработник. За ова се расправа затоа што на владеачкото мнозинтво и на владата и се брза во ова буџетска година да се изгласа овој закон и да се легализира уште еден криминал направен од страна Зоран Заев. За жал овде не слушнавме аргументирани говори од страна на пратениците од власта зошто да се донесе закон со кој се уредува споре помеѓу еден приватен правен субјект и владата. Затоа што сметаат дека на овој начин ќе го легализираат овој криминал од една страна од друга страна на една прорежимска телевизија наречена како телевизија Макпетрол ќе и дадат дополнителна инекција финасиска со која што се надеваат дека ќе и го зголемат рејтингот и гледаноста и со тоа ќе продолжат режимски да владеат во оваа држава. Меѓутоа за среќа има разумни граѓани и ова тешко дека ќе помине и ако помине за ова во некои нормални времиња ќе има одговорност, рече пратеникот Петрушевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This