КАКО ЗА БЕБЕ: Црвено-белата кампања на СДСМ започна со честење мекици

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„На прав пат“ е новото лого на кампањата на СДСМ, која ќе биде брендирана со социјалдемократските бои, црвена и бела. Главна цел е одблиску да се слушнат проблемите на граѓаните, но ќе се мониторира и ефикасноста на локалната власт. Во рамките на црвено-белата кампања, во десет градови во државава ќе се одржат големи трибини, а стартот ќе биде во сабота во Штип, на која ќе присуствува и претседателот на партијата Зоран Заев. Големата трибина во Скопје е закажана за 20 октомври.

Кампањата ја промовираше генералниот секретар Љупчо Николовски, на работен појадок со новинарите, на кој, меѓу другото, беа послужени и мекици.

Во изминативе три месеци се екипиравме, поставивме нови координатори, ја сондиравме досегашната работа и се фокусиравме на воведување на новини сè со цел да се приближиме до граѓаните. Остваривме и многу маалски средби на кои дознаваме за проблемите на граѓаните и констатиравме дека најголем дел од нив се во ингеренции на локалната самоуправа. Од друга страна, пак, од градоначалниците дознаваме дека голем дел од проектите кои ги ветиле не се во можност да ги реализираат поради институционални проблеми. Со фокусирање на пречките ќе иницираме побрзо решавање на проблемите – изјави Николовски.

Тој најави дека по 20 октомври, односно по завршување на ЕУ самитот, на која се очекува одлука за добивање датум за почеток на преговорите со Унијата, ќе се стартува и со кампањата „од врата до врата“. И на ваквите средби, како што додаде Николовски, се запазува концептот на партијата: „блиску до граѓаните“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This