April 28, 2024, 12:48 pm

КАКО СИ ПОМИНА СЕМЕЈСТВОТО ГРУЕВСКИ ЗА НОВА ГОДИНА: Што правеше лидерот и иден премиер за Новата година и како се одмараше?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -


Зад нас остана година полна со премрежиња и пресипитувања – лични и национални – со кого, како и во каква држава ќе живееме. Ќе нѐ има ли за поколенијата или ќе станеме лекција во историските читанки. Народот одговори на овие прашања, а сега останува политичарите да ја заврши доверената задача.gruevski-semejstvo-sneg-1

Она низ што мина Македонија не е сплет на околности, туку оркестрирана, организирана и професионално одработена револуција од какви настрадале и многу поголеми и многу помоќни држави. Армии НВО војуваат во модерниот свет, а во Македонија ВМРО-ДПМНЕ ја извојува деветтата изборна победа против корумпирани новинари, сопственици на медиуми, професори, интелектуалци, аналитичари, активисти, предводени од професионални протестирачи. За светот под контрола на Сорос, за неговата моќ да ги подреди политиките во служба на својата идеологија за отворени општества, но и неговата човечка немоќ да ги надмине заблудите што му ги пласираат претставниците во Македонија, во божикно мегаинтервју за „Република“ зборува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Каде бевте за Нова година?

Дома, семејно. Тоа што најмногу ни недостигаше. По Нова година, два-три дена сме во Маврово. Има многу снег, децата се пресреќни. Конечно, заедно по цел ден, неколку дена по ред…

Значи и Вие одморивте малку?

Би рекол активен одмор. Навидум одмор, инаку со мислите работев максимално на планови и на стратегии за понатаму. Носев и некои материјали со мене. Прочитав и некоја книга.

Која книга ја читавте?

„Повторно величествена“ од Доналд Трамп. Многу интересна. Ја препорачувам.

Што најмногу Ви се допадна во неа?

Ентузијазмот, упорноста, енергијата, жарот, одлучноста… Се разбира и конкретните планови и идеи на новиот претседател на САД се многу интересни и предизвикувачки…

Како со кашлањето, намаливте ли? Секоја есен-зима Ве слушаме како многу кашлате.

Да, и секоја зима одам на прегледи. Дефинитивната дијагноза е алергија. Кашлањето е само последица. Во минатото имав проблеми и со синусите, сега тоа е санирано донекаде. Но, алергијата ми се јавува секоја есен и зима, и се манифестира само со кашлање, често и многу силно, а за тоа нема лек, има само привремено санирање со лекови. Непријатно е, одзема многу енергија. Лекарите велат дека тој што ќе открие лек што трајно ќе ги лекува алергиите ќе добие Нобелова награда…

Дали Ви открија на што сте алергичен?

Не. На стандардните тестови за алергија сум негативен, но во природата, во воздухот има стотици илјади алергенси на кои човек може да реагира на еден или на друг начин.

Можно ли е тоа да е од загадениот воздух?

Можно е, но и не мора да е директно поврзано затоа што во тие периоди имам патувано во други држави и градови, но кашлањето не запрело. Годинава не земав лекови за одржување на алергијата освен спрејови, но сега почнав и веднаш се намали интензитетот на кашлањето. Есен- зима со антихистаминици и разни спрејови, и ќе дојде пролет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This