КАКО ФАТИМЕ, ЛЕНЧЕ, ЛИЛЕ, БУРИМ И КОМПАНИЈА СО „ИМЕ И ПРЕЗИМЕ“ СЕ НАЈДОА ВО ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ НА СДСМ ЗА ЈО: Ова што го нуди владеачката партија како решение за обвинителството го нема никаде

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот, Алекснадар Даштевски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија жестоко го критикуваше предлогот на СДСМ за ново законско решение за јавно обвинителство. Според него законот е целосно исполитизиран, а во одредени делови дури е и контрадикторен самиот на себе. Старото СЈО сега треба да го замени новото овинителство за организиран криминал, вели тој. За него сепак најпроблематично е тоа што Фатиме, Ленче, Бурим, Лиле и останатите обвинители од СЈО со „име и презиме“ се вметнати во Законот кој го предлага СДСМ. Персонални решенија нема во ниту еден закон, истакна тој.

-Се работи тука за многу исполитизиран закон со позадина, која што не би смеела да се дозволи, законот е дури и контрадикторен сам на себе. Сега сака да се имплементира, старото СЈО да стане ново СЈО само сега со овој закон и истите луѓе персонално, истите луѓе без Катица Јанева бидејќи таа е обвинита, сите јавни обвинители, што нема ниту еден закон персонални решенија тоа пишува во член 108, 109 и 110 од законот да преминат во тоа сега се вика основно јавно обвинителство за организиран криминал и корупција. Сите да преминат таму и тоа со преодни завршни одредби со член 108, 109 и 110, вели Даштевски.

Да се потсетиме дека јавноста остана запрепастена по обелоденување на аферата кеш каде беа објавени сите енормно високи хонорари кој ги добивале вработените во СЈО на чело со сега веќе поранешната специјална обвинителка Катица Јанева која е во домашен притвор и обвинета во случајот „Рекет“ како и останатиот тим зад неа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This