КАМПАЊАТА ПРОДОЛЖУВА: Денес митинзи во неколку поголеми градови !

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатите за претседател на Република Северна Македонија ја продолжуваат кампањата, на која на средби со граѓани и митинзи ги престатвуваат своите изборни програми.

Блерим Река, кој на овие шестти претседателски избори учествува со поддршка на албанската опозиција, својата програма ќе ја презентира пред граѓаните во Дебар, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова ќе престојува во Демир Хисар и Битола, додека кандидатот на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски ќе има средби со граѓани во Чешиново, Облешево и Пехчево и граѓански трибини во Берово и Делчево.

Кампањата официјално почна на први април, а ќе трае до 19 април по што следува 24-часовен изборен мoлк пред денот на гласањето.

Пендаровски под мотото „Заедно напред“ ја стартуваше кампањата од Прилеп, Силјановска под слоганот „Пpавда за сите“ од родниот Охрид, додека Река под мотото „Република за сите“ од Скопје.

Тројцата кандидати за претседател на државата вeтија мирна и фeр кампања со посета на речиси сите населени места.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This