(К)Анал 5 се збyниja: Ла Верита добар извор на вести или ниckотиpaжен медиум

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ла Верита утринава уште еднаш ја потресе македонската јавност објавувајќи скандалозни детали за преговорите помеѓу Синофарм и македонската Влада за набавка на кинеските вакцини во Македонија.

Ла верита, меѓутоа, дојде до две писма од министетот за здравство Венко Филипче, коишто уште еднаш го демаскираат македонскиот премиер. Првото писмо докажува дека министерот Филипче испратил барање до кинескиот Синофарм дури на 25 декември 2020, додека уште едно второ писмо од 25 јануари вели дека министерот дури и би ја ослободил Кина од било какви негативни ефекти од вакцината.

Заев призна, подоцна, дека се обратил до Пекинг, но на крајот на февруари комунистичкиот Пекинг му го вратил авансот. Причината за ова, според извори на Ла Верита, е тоа што зделката требало да се одвива преку фантом фирма со седиште во Хонг Конг, која е наведена исто така во сите официјални писма на министерот.

Фактот што приватна фирма, која според првични анализи нема стабилни темели, но има доволно средства депонирани во германската Deutsche Bank, била вклучена од страна на македонската влада во посредувањето, оставило сомнеж на официјален Пекинг дека можеби се наоѓаат пред обид за измама, и тоа донело до поништување на процедурата.

Но сега започнува вистинската војна на дезинформации покрената од Заев и Владата на СДСМ.

Канал 5 провладина телевизија која ги започнуваше сите вести со бомбите на Ла Верита за случајот Рекет сега кога веста која ја објави Ла Верита е на штета на Владата на Заев го нарекува италијанскиот весник, ниско тиражен.

Се чини дека ова телевизија уште еднаш си го заработува прекарот.

Latest News

The Best Betting Strategies for 55Club

  Bankroll Management One of the most crucial aspects of successful betting is effective bankroll management. Proper bankroll management ensures that...

More Articles Like This