- Advertisement -
Професорката по уставно право Тања Каракамишева го критикува преименувањето на Македонски олимписки комитет во Олимписки комитет на С Македонија.
„Вчера МОК го сменил името?! Со кој памет? Придавката македонски НЕ Е ЗАБРАНЕТА… плус промената на името ја прават во лимбо време кога земјата нема обврска да врши какви било промени сè додека не започнат преговорите со ЕУ. Каков е овој садомазохизам од членовите на Комитетот?“, прашува на Твитер членот на Венецијанска комисија.