КАРАКАМИШЕВА ЗА ВЛАСТА НА СДСМ: Тотално paзочapување, немаат успех на ниту едно поле, а фијаското е најголемо на надворешен план

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорката Тања Каракамишева во интервју за телевизија Алфа жестоко ја критикуваше власта предовдена од Зоран Заев и СДСМ. Таа истакна дека во изминатите три години власта на Заев навистина нема со што да се пофали. Според неа СДСМ доживеа дебакл на сите полиња, а најголемо е фијаското на полето на надворешната политика, поради недобивањето на датум за преговори во октомври минатата година и штетните договори кои ги потпиша оваа Влада.

-Власта нема да се согласи со мене за никаква критика, но јас велам во сите овие три ипол години сакав навистина да да ме израдува власта и да каже овој проект кој што го ветивме го остваривме 100 проценти и овој проект претставува инвестициски проект или капитален проект од кој што ќе имаат корист и интерес сите граѓани. Јас навистина ќе им честитав за тоа дека успеале да го направат тоа дека успеале да вложат енергија која на крајот се исплатела во делот на општото добро, јавното добро на сите. Но за жал ниту еден таков капитален проект не видовме, ниту на политичката сцена некаков капитален проект на полето на реформи, ниту некаква реформа на политичкиот систем, на правниот систем, ниту на економски план, ниту на социален план. Ниту на надворешен план, таму го имавме најголемото фијаско, вели Каракамишева.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This