Каракамишева за Инфомакс: Власта пaднa, нema мнозинство во Собранието

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорката Тања Каракамишева во еклузивна изјава за Инфомакс и коментар за актуелните политички случувања во државата откако мистериозно исчезна пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи пред денешното гласање на недоверба на Владата, вели дека ова што се случува денес е силување на парламентарната демократија.

-Денес, заклучно до 16 часот, сведоци сме на класично силување на парламентарната демократија во земјата од страна на власта.

Гледаме “киднапирање” на пратеник, упад на финансова полиција кај опозициски пратеник, гледаме кршење на Деловник од страна на претседателот на Собрание и практично кочење од страна на Талат Џафери на започнатата постапка за гласање доверба на влада да се одржи и да заврши согласно Уставот и другите правни акти, вели Каракамишева.

Однесувањето на Талат Џафери професорката го коментира како класичен правен пуч и истакнува дема тој ја злоупотребува службената положба и овластувањата.

-Ова неделовничко однесување на Џафери мора да има и соодветна завршница, бидејќи станува збор за спроведување на класичен “правен пуч” и злоупотреба на службената положба и овластување како функционер на Собранието.

Џафери не е само обичен пратеник, како што тој вели, тој е претседател на Собранието и за ова негово неделовничко однесување ќе мора да сноси соодветна одговорност.

Неговата злоупотреба се состои во тоа што ја оневозможува отпочнатата процедура на гласање доверба на влада да трае и да заврши со одреден епилог. Опструкцијата што Џафери ја прави е недозволива и таа уште денес мора да биде санкционирана, додава таа.

Според Каракамишева, власта на СДСМ веќе е падната поради соодносот од 60:60 на пратеници во Собранието, сооднос кој оневозможува понатамошно функционирање на политичките институции. Таа потенцира дека без разлика што и да се случи денес Владата е делигитимирана и некредибилна и детронизирана.

-Во моментов, согласно нерешениот сооднос на силите 60:60 се отвора сериозен проблем со натамошното функционирање на политичките институции. Власта е делегитимирана и некредибилна да се нарекува власт бидејќи го нема потребното парламентарно мнозинство, на опозицијата со опструкциите и Византиските игри на Џафери и е оневозможено да ги користи механизмите на парламентарната демократија за контрола на владата. Сега за сега, како што стојат работите на терен, власта е “детронизирана” што и остава простор на опозицијата да нападне со сите политички инструменти кои и стојат на располагање, вели професорката.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This