КАРАКАМИШЕВА МУ ОДГОВОРИ НА ФИЛИПЧЕ: Се претepa и со лaжнитe вести, вака не се гради европско општество

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако вчера без никаква причина бев ставена во спин-кујната на СДС за фабрикување на #fake news и мојот твит кој, всушност, беше прашање дали некој има инфо што се случува пред Клиничкиот центар, зошто има борни коли и специјалци со митралези, денес добив извинување од главниот уредник на порталот tocka.com.mk Дениз Селимовски.

Извинувањето е примено, но горчината од лажните вести и потребата да бидам постојано предмет на напад не можам да ја прифатам.

Во ова лудило човек не смее ништо да праша, веднаш ќе му се нафрлат хиените и ќе бараат крв.

Така не се гради европско општество.

Постојаната потреба од навреди и лични жигосувања, навреди и линчови нема да не доведат до никаде.

Човек треба постојано да биде буден и да ги следи лажните вести што кружат за него и да се бори против нив.

Тоа е навистина исцрпувачко за сите и фрлена енергија без потреба!

СТОП ЗА ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ, пишува професорката Тања Каракамишева на Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This