КАРАКАЧАНОВ: Во Бугарија има и Марсовци и Ескими и нив ли да ги признаеме?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И какви се точно пpoблемите со човековите пpaва на таканареченото македонско малцинство во Бугарија? Може ли да ми кажете каде е пpoблемот?“, одговара со прашање бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов, прашан за македонското малцинство, поточно за неодамнешниот извештај на Советот на Европа во кој се повикува Бугарија да ги почитува пpaвата на македонското малцинство.

„Вие ми зборувате за една организација што се нарекува ОМО Илинден Пирин. Во Бугарија само оваа една група луѓе зборува за тие прашања. Но фактите се јавни; ОМО Илинден Пирин беше создадена како организација во Југословенската амбасада во 90-та година, кога уште имаше Југославија. Извинете, но нема како Бугарија да признае таква организација која туѓа држава…“, рече Каракачанов, при што беше прекинат од новинарот, кој нагласи дека го прашува за луѓето, а не за организацијата.

„Видете, на последниот попис во Бугарија има такви што се изјасниле и за Марсовци, Ескими… Ги има по неколку илјади. Што значи ‘да ги признаеме’? Извинете, ние досега говоревме дека до 1944 година нема некаква одделна македонска нација. За какво македонско малцинство во Бугарија зборуваме, кога македонскиот национален идентитет се создава во Југославија?“, одговара Каракачанов.

Тој посочи дека „Бугарија има Устав и има државност од 1.400 години, си има традиција“, и бугарскиот устав не признава колективни, т.е. малцински права, туку правата ги има секој граѓанин врз основа на
самото тоа што е граѓанин. Каракачанов го посочи примерот на Турците:

„Во Бугарија сигурно има пола милион Турци, кои говорат турски, само што тие не се признати како малцинство, а ги имаат правата врз основа на тоа што се граѓани“. На забелешката од новинарот дека Македонците во Бугарија немаат право да учат на македонски, Каракачанов одговара:

„Кој македонски јазик да го учат? Каков македонски да учат во Пиринска Македонија или Бугарија? Тој јазик во Бугарија никогаш не се практикувал, не се користел. Тоа е еден јазик кој се создава тука (во Македонија). Ако некој сака да го учи, може да го учи како што се учи и англискиот, германскиот, францускиот, нема проблем, факултативно како што се учат другите јазици. Вклучително и турскиот не се учи задолжително, во услови кога, пак ќе кажам, имаме 500.000 Турци“, рече бугарскиот министер за одбрана, истакнувајќи дека нов сличен извештај од Советот на Европа „не е пpoблем“, бидејќи Бугарија не може да плука на сопствената историја и има националното достоинство, кое не се решава во Советот на Европа, туку во главата и срцето на секој Бугарин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This