Каракачанов до Заев: три години не направивте ништо, сега е доцна…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Mинистерот за одбрана и бугарски вицепремиер, Красимир Каракачанов, изјави дека пренесувањето на спорните прашања меѓу Бугарија и Македонија во ЕУ нема да придонесе за несигурност и за нестабилност на Унијата.

Каракачанов истакна дека бугарската позиција е правилна и Бугарија мора да се грижи за своите интереси.

„Му кажав на премиерот Заев дека тие ништо не направија три години и кога дојде моментот за решение беше доцна. Јас нема да правам компромис со антибугарска политика и не ме интересира што дел од нашите европски партнери имаат поинакви ставови. Имаше обиди да не разубедат. Имаше обиди да не разубедат за работи за кои, сепак, немаа аргументи. Јас го разбирам обидот на некои од партнерите да наложат да отстапиме, но на крајот Бугарија мора да се грижи за своите интереси“ – вели Каракачанов

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This