КАРАКАЧАНОВ: Заев и Борисов направија повеќе за две години од сите останати Влади за 20 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако пред околу еден месец испраќаше зakaнувачки пораки дека ако не се прогласи Гоце Делчев за Бугарин, ќе имаме пречка на евроинтегративниот пат на земјава, вицепремиерот на Бугарија Каракачанов денеска со поблаги тонови.


Вели дека Македонија има поддршка од Бугарија на патот кон Европската Унија и дека актуелните влади на Заев и Борисов направиле многу повеќе од претходните.

-Ние се разбираме и без преведувач, но тоа прашање сепак бара решение затоа што создава тензии меѓу луѓето. Сметам дека процесот се одвива во вистинска насока, да ги оставиме историчарите да работат на услогласување на ставовитe.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека со пораките за пријателство и взаемно делување, двете држави може да напредуваат.

Каракачанов и Спасовски денеска во Охрид потпишаа протокол за соработка за борба против трговија со луѓе што значи повисоко ниво на размена на информации за зголемување на безбедноста.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This