КАСАМИ СИ СЕ НАМЕСТИ- СДСМОВЦИТЕ ЌЕ ГИ ГЛАСААТ ЗА БЕСА: Би било нормално да ја предводам листата во шестата изборна единица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Коалицијата со СДСМ има цел да докаже дека Македонија има капацитет да гради општество кое ќе биде рамноправно за сите, вели лидерот на БЕСА Биљал Касами во интервју за МИА.

-Ова е првпат да има една таква коалиција на парламентарни избори. Инаку, коалиции имавме и на локалните избори, потоа и на претседателските, кога ДУИ настапи заедно со СДСМ. За разлика од тие коалиции кои работеа во лични интереси на кандидатите на локалните избори, или со цел избор на претседателот Стево Пендаровски, оваа коалиција има задача Македонија да докаже дека има капацитет да гради општество кое ќе биде рамноправно за сите. Да се изгради една држава и институции кои ќе бидат рамноправни пред сите – рече Касами.

Тој додава дека БЕСА за првпат влегува во една предизборна коалција која, како што вели, ќе понуди програма за рамноправен економски развој, за правда за сите, за реформи на правниот систем…

-Да потсетиме дека од 2002 ДУИ, како партија која произлезе од конфликтот, после изборите стапи во коалиција со СДСМ, потоа со ВМРО-ДПМНЕ, па пак со СДСМ. Неприродна коалиција беше и онаа кога ДПА влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, две, условно кажано, националистички концепти. Ние за првпат влегуваме во една предизборна коалција која ќе понуди програма за рамноправен економски развој, за правда за сите, за реформи на правниот систем за да нема повеќе монтирани случаи, законот да биде еднаков за сите, и да не се случи индивидуи да бидат над законот, што беше случај до 2016 година, кога власта ги зафати сите институции, пособено судско правните – истакна Касами.

Во однос на пратеничките листи, тој посочува дека како лидер на Беса кој доаѓа од шестата изборна единица би било нормално да ја предводи оваа листа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This