КАСАМИ СИ СЕ ПОФАЛИ: САД ја поддржуваат предизборната коалиција СДСМ – Беса

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, деновиве е во посета на Вашингтон каде реализираше средби со високи официјални лица од Конгресот и Стејт департментот.

Касами оствари средби со конгресменот-демократ Елиот Енгл, претседател на Комитетот за надворешни работи при Претставничкиот дом, потоа, во Стејт департментот се сретна со Дејвид Костеланчик, директор во канцеларијата за Југоисточна Европа и Азија, како и со Филип Рикер, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија.

Во интервју за МИА Касами вели дека посетата на Конгресот и средбата со конгресменот Елиот Енгл, претседател на Комисијата за надворешна политика, највисока функција за надворешна политика во Конгресот, за нив била многу важна.

-Господинот Енгл е добар познавач на приликите на Балканот, добар пријател на Македонија, на Албанија и сите балкански држави, застапува развој и интеграција на овие земји во НАТО и ЕУ, и затоа за нас беше многу важно да се сретнеме со него во време на предизборна кампања. За нас најважно е дека тој ги поддржува овие процеси со предизборната коалиција кои се многу важни за граѓаните на Северна Македонија, вели Касами во интервју за МИА.
На иста тема се разговарало и во Стејт департментот, со директорот на Канцеларијата за Југоисточна Европа и Азија, Дејвид Костелначик, кој бил брифиран за приликите во Македонија, со предизборните коалиции и со текот на кампањата.

–Од него беше поздравена оваа храбра одлука на лидерите на СДСМ и на Беса. На средбата присуствуваше и господинот Филип Рикер, кој исто така ги поздрави овие храбри одлуки, со цел граѓаните во Северна Македонија да добијат лидери кои пред сѐ ќе работат за нивните интереси и интересите на државата, за што побрзо Македонија да стане полноправна членка на ЕУ, како што наскоро очекуваме да стане и членка на НАТО, вели Касами.
Тој додава дека за првпат влегуваат во една предизборна коалција која ќе понуди програма за рамноправен економски развој, за правда за сите, за реформи на правниот систем за да нема повеќе монтирани случаи, законот да биде еднаков за сите, и да не се случи индивидуи да бидат над законот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This