April 27, 2024, 10:40 pm

Касами: Тетово ќе и се одземе на Теута Арифи и ќе се врати на граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со завршен митинг на градскиот плоштад претседателот на Движење Беса и кандидат за градоначалник на Тетово, Биљал Касами ја заврши предизборната кампања пред вториот круг во недела. Покрај Касами на митингот се обрати и Вулнет Мурсели, кој беше кандидат за градоначалник од Алијанса за Албанците, партија која најави поддршка за Движење Беса во вториот круг.
Биљал Касами пред присутните на плоштадот порача дека Тетово е обединето и без разлика на партија, вера и нација ќе го казни осумгодишното неработење на Теута Арифи.
-Во недела волјата на тетовчани ќе биде против Теута Арифи. Тука сме за да кажеме дека еднаш засекогаш за 4 години ќе го решиме проблемот со вода за пиење, ќе го исчистиме целото ѓубре, ќе го направиме Тетово чист град, прво ќе го исчистиме ѓубрето од Општина Тетово, почнувајќи од Теута Арифи. Заслужуваме урбан град, да имаме урбанистички план, по кој ќе се градат нашите куќи, нашите бизниси, и ќе бидеме раат. Секој Албанец, Македонец, Ром, Турчин и секој граѓанин, без разлика на нацијата ќе живее во Тетово и ќе ја градиме нашата иднина во урбанизиран град, уреден со паркови, место за рекреација на секој жител, за младите за возрасните, за луѓето во поодминати години, кој со радост ќе шета по улиците на градот, потенцираше Касами.
Според Касами управувањето ќе биде заедно со граѓаните за да може да се врати како што рече изгубеното време за изминатите осум години.
-Само така заедно во недела, и од понеделник ќе бидеме на чело на општината, зошто Тетово ќе и се одземе на Теута Арифи и ќе се врати на граѓаните на Тетово. Теута Арифи не направи ниту еден проект за да ги задржи младите тука, затоа ние сме внимателни, секој млад со идеја за бизнис, да му ги овозможиме сите административни процедури, за да почне со бизнисот и за да ја обезбеди својата иднина тука. Од понеделник ние заедно ќе го управуваме овој сакан град, ќе ги реализираме сите проекти заедно за нашата иднина и иднината на нашите деца. По 4 години ќе зборуваме повеќе за култура, за наука, за животот на младите, да зборуваме повеќе за европски услови за живеење, не за европско Тетово на Теута Арифи, туку за европско Тетово какво ние сакаме, истакна Биљал Касами.
Вулнет Мурсели од Алијанса за Албанците порача дека Тетово ќе биде друг град со новиот градоначалник Биљал Касами.
-Во недела ќе има заврши угнетувањето. Со иднината на градот не може да владее та која ја уништи сегашноста. Арифи не можеше да го промовира европскиот град бидејќи го наполни со ѓубре и кучиња скитници. Таа троши милиони за да им даде хонорар на нивните роднини. Таа не го сака и не го сакаше Тетово, рече Мурсели.
Пред присутните се обратија и генералниот секретар на Движење Беса, Арианит Хоџа и универзитетската професорка Беса Кадриу.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This