Катастрофа: РЕК Битола нема јаглен за до крајот на зимата и работи само еден блок

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

РЕК Битола работи со минимален капацитет и нема јаглен, најлоша година за РЕК, се подготвува ли страшно сценарио за комплетно исклучување на РЕК Битола од електроенергетскиот систем? Ова се скандалите и насловите во медиумите од последните неколку дена, а кои се поврзани со работењето на РЕК Битола. Со писмо до медиумите и јавноста денеска се обрати и Спиро Мавровски директор за производство од 1999 до 2002 година, технички директор на рудник Брод-Гнеотино во периодот 2008-2013 како и директор на рудници од 2013 до 2015 година.

Во продолжение Ви го пренесуваме неговиот допис до медиумите:

Почитувани граѓани на Битола и Република Македонија. Чувствувам потреба за едно известување на македонската јавност за катастрофално лошата состојба во РЕК Битола, а со тоа и во целиот систем на АД ЕСМ.

Во моментот, денес 17.01.2021 година, се случува невидена катастрофална состојба со тоа што не се гледа излез од сето ова. За голема жалост и трагично е за да сето ова се донесе во некоја барем малку понормална состојба, за сето тоа да се донесе во нормална состојба ќе побарува многу натчовечки напори, материјални средства и покрај се излезот за жал не зависи само од тоа.

Комбинатот се наоѓал и во други тешки ситуации но некако на крајот се излегувало од тие состојби, би сакал барем овој пат за прв пат да не сум во право и ова раководство можеби има некоја x,y варијанти со кои ќе обезбеди комбинатот да продолжи со работа. Но, за жал објективната состојба е крајно неповолна за градот Битола и уште повеќе за Република Македонија.

Во овој момент на депонија не се гледа дека има јаглен, се работи само со еден термо блок, Блок број 3, останатите не се во функција за голема жал. Се си мислев дека од некаде ќе се појави генералниот директор на АД ЕСМ Г-динот Васко Ковачевски пред РЕК Битола и гордо ќе изјави дека во моментот за разлика од неспособното раководство на ВМРО ДПМНЕ каде се работеше со три блока, имаше испади на еден блок од системот, некогаш по неколку часови, некогаш и поголеми хавариски состојби,но тогашниот опозиционер и пратеник,сегашен генерален директор не пропушташе да се слика пред блоковите, за кои не знаеше кој е прв,втор или трет но знаеше дека еден блок не „чади“, за него беше се едно дали тоа е оџакот или разладната кула од блокот.

Сега со нетрпение го очекувував да излезе и пред граѓаните на Битола да каже, дека ова се е измислица на опозицијата, дека во моментот во РЕК Битола на депонија има најмалку 300-400.000 Т јаглен за безбедна работа во наредните 2-3 месеци додека трае грејната сезона, дека во наредните денови ќе бидат пуштени во работа сите три блока и ќе работаат максимално до крајот на грејната сезона. Но Г-динот Васко Ковачевски за жал го нема со изјава, го нема никаде поточно, можеби причината за ваквата состојба е „огромниот“ снег кој наврна за прв пат оваа година во месец јануари и го изненади лично него, затоа што тоа не е очекувано во ова време.

Можеби е проблемот во немањето јаглен на депонијата, можеби е причината енормно високата потрошувачка на мазут, можеби е причината дека багерите во рудник Суводол се под вода, можеби е причина што за жал на вработените и водата за пиење е прекината и ќе ја нема уште неколку дена поради хаварија на градежна машина.

Г-дине Васко Ковачевски, генерален директор на АД ЕСМ, јавноста Ве очекува да излезете со изјава со дел од оние ветувања кои ги дававте за време кога доаѓавте на власт и со чекори од седум милји станавте Генерален директор на најголемиот гигант во Република Македонија.

Дали сте свесни која е Вашата одговорност кон граѓаните на Битола пред се, а воедно и кон сите граѓани на Република Македонија, грејната сезона е во полн ек, што Вие ветувате за работењето на РЕК Битола, за работењето на АД ЕСМ каде сте генерален директор и дали гледате излез од оваа ситуација или очекувано имате некои скриени адути во ракавот кои ние обичните граѓани не ги гледаме, а вие го имате излезот оде сето ова.

Со голема и искрена загриженост за ваквата состојба би сакал и јас некогаш да не сум во право а Вие да бидете победник,или магионичар да имате излез од сето ова.

Повикајте ги вработените без разлика на партиската припадност, побарајте ја нивната поддршка, а Ваше е да побарате од сите фактори во државата, се што тие ќе ви побараат од материјална страна и се да донесете и повторно е големо прашање дали во краток период има излез од сето ова.

Само да Ве потсетам ова е гигант, ова е како еден огромен слон, кој многу тешко паѓа од неколку истрели, но Вие испукавте и одповеќе а кога слонот ќе падне за жал тешко некој некогаш да го подигне.

Дали се ближи тој ден за жал на градот Битола и државата Република Македонија, а Вие ќе бидете еден од главните виновници за целата состојба, дали сте свесен за сето тоа???

Во овие некрстени денови да посакам само разум, огромни ангажмани и некаков излез од сето ова. На крајот едно големо СРЕЌНО на сите наши вработени во Рудници во РЕК Битола.

Битола, 17.01.2021 год.

Вработен во РЕК Битола, Спиро Мавровски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This