Катица непрпепознатлива: Кој и даде полициcka кабаница за да се coкрие?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Катица Јанева во затворот во Шутка не ја носела кабаницата со која синоќа се маскираше пред камерите при нејзиното пренесување од затворот до станот на нејзиниот син каде што ќе биде во домашен притвор. Директорот на КПУ Затвор Скопје – Скопје, Есад Рахиќ на прашањето дали Јанева ја имала кабаницата пред да и биде одреден домашен притвор, кусо одговори дека такви јакни и дуксери со капи, во затворот не се дозволени. Тој вели дека не е нивна одговорност изгледот на Јанева по напуштањето на затворот.


„Нашата одговорност за притвореникот завршува во моментот кога ја напушта капијата. Од кај нас Јанева ја презема МВР и одговорноста е нивна“, изјави за „А1он“ директорот Рахиќ. Тој го потпишал документот на Јанева по одлуката на Апелацискиот суд, таа се спакувала и полицијата ја преземала.

Извори од затворот велат дека во собата од каде што ја преземала полицијата, Јанева немала на себе кабаница, ниту пак и биле прекриени рацете, па и тие биле изненадени кога преку медиумите виделе дека од комбето излегува целосно маскирана.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This