Катругалос: Не сум сигурен дека Бугарија е сама, има и други држави кои стојат на вашиот пат кон ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не можам да кажам дека сум голем оптимист, но можам да ви кажам дека во секој случај европското јавно мислење целосно ја поддржува вашата позиција и генерално перспективата на Западен Балкан, вели поранешниот министер за надворешни работи на Грција Јоргос Катругалос во интервју за МКД.мк. Имате сојузници во ЕУ, но има и забелешки за вас, Бугарија не е сама. Таа може да се убеди само со колективен напор на ЕУ, вели тој. Доцниме со спроведувањето на Преспанскиот договор, признава Катругалос.

Катругалос истакна дека Бугарија не е единствената земја која и стои на патот на Македонија кон Европската Унија.

„Не сум сосема сигурен дека е само една земја. Ние знаеме една земја бидејќи е многу гласна во однос на ова прашање, но не можам да речам дека нема забелешки, има забелешки“, вели тој.

Претпоставувам дека е така. Ја видовте информацијата на Ројтерс за проширувањето. Она што е поддршка сега е генерална поддршка на јавното мислење, мислам во повеќето земји, повторно не велам во сите земји. А како ќе се трансформира таа поддршка е политичка одлука. Целосно ја разбирам фрустрацијата и разочарувањето кај луѓето во Македонија. Единствената работа што можам да ја кажам е дека немате само забелешки, туку имате и сојузници. Ние во Грција сме посветени да ви помогнеме, истакна Катругалос.

Целото интервју со него, прочитајте го на МКД.МК

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This