„Кацарска cyдcтвoтo“ пyштeнo на нajjako

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веќе се навикнавме да слушаме изрекување на затворски пресуди без докази, за непочитување на човековите права во текот на судските постапки, за бројни прекршувања на законите и за злоупотреба на истите. Но, Кацарска судството оди понатаму. Тоа има свои, измислени критериуми според кои ги изрекува казните.

 

Иако казните за „Транспортер“ се изречени за дело кое според одбраната не постои, ако се земат сите релевантни докази во предвид. Нешто што не го направило„Кацарска судството. Одбраната додава дека „Кацарска судството“ според лажен Вешт наод одглуми како да постои штета и како да постои дело и изрече затворски казни. Но и тоа го направи според свој критериум, па со двоен аршин изрече различни пресуди.

Политичкиот прогон кој максимално се спроведува преку „Кацарска судството“, важи само за политички неистомисленици. За членовите на СДС, важат други правила.

Сите превозници во Транспортер се осудени. Нивната наводна сторена штета е различна. Најмалиот износ е 70.000,00 денари, а највисокиот износ е над 9.000.000,00 денари. Ќе ги земеме за пример најнискиот и највисокиот износ.

Едно прашање до тандемот за „јадење на живи луѓе“ од СДС З.Заев и Д.Кацарска:

– Како е можно: При ист тендер, исти договори, исти услови со ист начин на превоз, еден превозник кој според лажниот Вешт наод и според Кацарска наводно направил штета од 70.000,00 денари да добие затворска казна од над две години, а друг превозник кој според истиот лажен Вешт наод и според Кацарска направил штета од над 9.000.000,00 денари – да добие само условна казна? Кој е критериумот? Според кој закон, за наводна штета од 70.000,00 денари се добива казна од над две години затвор, а за наводна штета од 9.000.000,00 денари се добива условна казна ? – прашуваат од одбраната.

Дали при одлучувањето бил клучен критериумот – сите превозници да се казнат со затворски казни освен истакнати членови на СДС, односно –

Дали – ако се работи за сопруга на член на СДС од Битола, а во случајов тој член е и советник за здравство кај Заев односно тоа е др. Чакаровски, неговата сопруга, госпоѓата Чакаровска иако е осудена за наводно сторена штета од над 9.000.000,00 денари, не треба да добие затворска казна како останатите превозници? – прашуваат од одбранта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This