Ким Мехмети со навpeди за Македонците: Македонија е „политичка филијала“ на Србија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според него „Мини-Шенген“ е обид на Белград да ги контролира земјите од регионот, Еди Рама е со „српски ум“, а за ВМРО-ДПМНЕ вели дека, иако со години беше обвинувана дека води пробугарска политика, денес е таа што ја храни антибугарската кампања во земјава
Ставови дека Македонија е политичка филијала на Србија и всушност е управувана од Белград, и во минатото и сега, изнесува новинарот и писател Ким Мехмети во интервју за БГНЕС.

Тој констатира дека, иако Македонија добила независност, всушност, останала во канџите на Србија и дека Белград, а не Скопје, е вистинскиот главен град. Критикува и дека „Мини-Шенген“ е обид на Белград да ги контролира земјите од регионот, а во таа насока упатува и критики до албанскиот премиер Еди Рама, за кого тврди дека е со „српски ум“. За ВМРО-ДПМНЕ, пак, вели дека партијата со години беше обвинувана дека води пробугарска политика, а денес е таа што ја храни антибугарската кампања во Македонија.

„Од прво одделение, па до старост, кај Македонците се градеше свест дека да не беше српскиот братски народ, тие ќе беа ’проголтани‘ од Албанците и Бугарите. Што се однесува до омразата кон Албанците и Бугарите, некои припадници на елитата во Македонија веќе долго време се ’србизирани‘. Тие се ’татковци‘ на паролите ’Смрт за Шиптарите‘ и ’Бугари – Татари‘. Македонија стана независна и стана членка на Обединетите нации, но остана заробена во канџите на српската пропаганда. Главен град на Македонија е Белград, а не Србија. Затоа е тешко да се комуницира со официјално Скопје за што било, вклучувајќи ги историските или јазичните вистини. Тешко е да се разговара со Скопје за која било тема што ги надминува историските вистини напишани од комунистите на Тито. Накратко кажано, многу вистини за овој регион и овие народи не се како што тоа го велат фактите, туку како што се запишани во историските книги уредувани од Белград“,

вели Мехмети во интервјуто за БГНЕС.
Понатаму, тој во интервјуто обвинува дека Белград одлучувал која комисија ќе го кодифицира македонскиот народ и Белград, како што вели, ја всадил свеста дека македонизмот лежи на темелите на антиалбанизмот и антибугаризмот. Мехмети тврди дека ова е подигнато на институционално ниво, односно се наоѓа во учебниците, во литературата, во енциклопедиите, во документарците финансирани од државата.

„Мислам дека Македонија сè уште е под влијание на Белград. Мислам дека Белград се однесува кон Македонија како кон српската република во Босна, но на поинаков начин и сметам дека нема никогаш да се откаже од ’Јужната Вардарска Бановина‘. Сакате доказ за тоа? Како ви изгледа балканскиот ‘Мини-Шенген’. Зарем не изгледа како нова Србија преку која Белград се обидува да ги држи под своја контрола сите републики што ги контролираше за време на Југославија. Сето ова Белград сега го маскира со членството на Албанија во овој ‘Мини-Шенген’“,

вели Мехмети обвинувајќи понатаму дека Србија кај дел од власта во Тирана, вклучувајќи го и Еди Рама, пронашла политичари кои имаат „српски ум“.

Тој изнесува став дека денес во Србија сѐ е исто како и во 90-тите години од минатиот век, само што го нема Слободан Милошевиќ.

„Многу претставници на македонската политичка, културна и научна елита се телепортирани од Белград. И денес, според многу работи, Македонија е политичка гранка на Србија“,

тврди Мехмети.
Понатаму, во прашањата, новинарот на БГНЕС констатира дека францускиот весник „Монд“ пред повеќе години пишувал дека ВМРО-ДПМНЕ „од природно пробугарска станала целосно српска формација“, a Мехмети на тоа одговара дека тоа е така бидејќи официјална Софија отсекогаш имала погрешен пристап кон денешна Македонија и македонскиот народ.

„Додека Белград инвестираше во локалните медиуми, локалната култура и уметност, локалните пејачи, Софија беше задоволна да им издава пасоши на Македонците кои немаат проблем да ја променат својата припадност и кои имаа само една цел – да избегаат од оваа дупка наречена Македонија … И додека Белград ги поткопуваше своите деловни партнери од ВМРО-ДПМНЕ, Софија не виде дека бугарофилите на таа партија почнуваат да се чувствуваат запоставени и загрозени. Најпробугарската македонска политичка партија овде, т.е. ВМРО-ДПМНЕ стана најпросрпската политичка партија. А, ВМРО-ДПМНЕ, која со години беше обвинувана дека води пробугарска политика, денес е таа што ја храни антибугарската кампања во Македонија. Фигуративно кажано, последниве години, Белград инвестираше и стори сè за Македонците да не заборават на Цеца, Шабан Шаулиќ и Лепа Брена, а Софија не стори ништо“,

вели Мехмети.
Според него, политичарите на Скопје и Софија имаат едно заедничко, а тоа е што „тие го бранат минатото за да не видиме дека ја јадат нашата сегашност и ја уништија иднината“. Во овој поглед, Мехмети додава дека тие се „браќа“ со иста политичка крв.

„Кога јавно ќе кажете дека Белград направи сè за да ги оддалечи Македонците од Бугарите и уште повеќе да ги скара со Албанците, таканаречените интелектуалци реагираат хистерично. Зошто? Затоа што и тие ја знаат оваа вистина и се исплашени од помислата дека помладата генерација еден ден ќе открие голема измама за многу работи! Затоа воопшто не ми е важно како ќе се однесуваат локалните политички елити, туку како ќе се однесуваме ние кои сакаме да бидеме заштитно лице на нашите народи. На крајот на краиштата, целокупната слика за секоја нација е изразена преку елитите што таа нација ги има“,

вели Мехмети.
Во интервјуто, тој изнесува ставови за историјата, во кои исто така преовладуваат тези против Србите и Македонците, а одат во прилог на Бугарија.

„Војните се лоши. Албанците во Македонија често беа незаштитени. И по Втората светска војна, тие останаа отсечени од својата татковина, на милост и немилост на комунистите на Тито. Не од учебниците, туку од приказните на моите предци знам дека многу жители на населените места околу Скопје, во тоа време се нарекувале Бугари, носеле униформи на тогашната бугарска војска и доаѓале да ги тепаат Шиптарите. Некои Македонци или Срби, маскирани во Бугари, малтретираа и убивале Албанци само за да одделат овие два народа едни од други“. По војната, стотици илјади православни Албанци во Македонија беа преобразени во Македонци. Бидејќи албанските манастири и цркви беа присвоени од Македонската православна црква, како што е манастирот ’Свети Јоаким Бигорски‘ кај Дебар“,

вели Мехмети.
Тој понатаму во интервјуто порачува дека „треба да разбереме дека народите не се одгледуваат, ниту јазиците се инјектираат во човековата меморија преку вакцини слични на оние против ковид-19“. Туку, според Мехмети, треба да разбереме дека се во овој регион е испреплетено и дека сме оние што веруваме дека сме денес.

„Но, ова не значи дека треба да се плашиме од вистината за нашите корени бидејќи, како што реков, нациите не паднаа од небо, туку се гранки на обично дрво. Што се однесува до етничките дилеми, мислам дека нив ги негува и охрабрува елитата на македонскиот народ. Пред неколку години, тие самите започнаа да ја менуваат историјата и од народ со јужнословенско потекло се прогласија за потомци на античките Македонци“,

коментира Мехмети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This