Ким со пopaкa дo Јужна Кореја: “Жал ми е”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека му е многу жал поради инцидентот во кој севернокорејската војска убила и запалила јужнокорејски претставник.

Ова соопштение го пренесе јужнокорејското претседателство.

Во писмото, кое Северна го упатила до Јужна Кореја, се наведува дека Ким многу жали што го разочарал јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин и народот на земјата, дека се надева дека инцидентот нема да ја наруши довербата меѓу двете земји, како и дека ќе спроведе истрага за инцидентот, пренесе „Јонхап“.

Се додава дека војската која ја контролира границата на запад испалила повеќе од 10 истрели кон човекот кој се обидел да упадне во територијалните води на Северна Кореја, како и дека го запалиле чамецот, но не и неговото тело.

Како што се наведува, во меѓувреме Мун и Ким размениле лични писма, но не е објавено што пишувало во нив.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This