Ким Џонг Ун нe oдгoвapa нa пoвицитe нa Бајден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Северна Кореја не одговорa на обидите на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден да воспостави неформален дипломатски контакт, изјави анонимен претставник на администрацијата во Вашингтон.

Отворено е прашањето каков пристап ќе има администрацијата на Бајден кон Пјонгјанг, во врска со прашањата за нуклеарно оружје и балистички ракети. Секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин, патува во Јапонија и Јужна Кореја, па се очекува Северна Кореја да биде една од темите, пишува „Гласот на Америка“.

Анонимен американски официјален претставник вели дека администрацијата на Бајден неколку пати се обидела да стапи во контакт со Пјонгјанг, почнувајќи од средината на февруари годинава, но нема одговор.

Севернокорејската мисија во ОН, преку која исто така имало обиди да се воспостави контакт, не одговорила на барањето за коментар.

Администрацијата на Бајден досега претпазливо зборуваше за односите со Северна Кореја, но најави ревизија на претходно воспоставените врски меѓу поранешниот претседател Доналд Трамп и Ким Јонг Ун.

Трамп, сепак, не успеа да го убеди Ким да се откаже од својот нуклеарен арсенал.

Официјален претставник на сегашната администрација вели дека немало контакт со Пјонгјанг претходната година, и покрај бројните обиди на САД.

За време на кампањата, Бајден го опиша Ким како криминалец и рече дека ќе се сретне со него само ако се согласи да го укине нуклеарниот арсенал.

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен сè уште нема кажано ништо за евентуални нови санкции против Северна Кореја. Санкциите досега не дадоа резултати.

Извештај на ОН покажа дека Северна Кореја продолжила да ја развива својата нуклеарна и ракетна програма во текот на 2020 година, и покрај меѓународните санкции, и оти за тоа обезбедила 300 милиони долари преку кибер-напади.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This