Кина започнува со изградба на првата вселенска станица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кинеската вселенска научна и технолошка корпорација (CASC) објави дека планира повеќе од 40 вселенски мисии за лансирање во 2021 година, а главен приоритет ќе биде изградбата на првата кинеска вселенска станица.

Според кинеската медиумска група (ЦМГ), една од мисиите е Тијанвен-1, првата кинеска мисија што оди на Марс.

Сондата полета на крајот на јули од центарот за лансирање Венчанг, на тропскиот остров Хаинан, на југот на Кина, и треба да стигне до орбитата на Марс во текот на февруари. Целта на мисијата е да се анализира површината на црвената планета со помош на теледиректиран робот.

Како еден од приоритетите за оваа година, Кинеската корпорација за вселенска наука и технологија (CASC) го наведе забрзувањето на примената на системот за навигација BeiDou во други области, вклучително и цивилната авијација, пренесува RTCG.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This