Кина откри нафтено поле со над 100 милиони тони резерви на нафта и гас

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кинеската национална офшор корпорација за нафта (CNOOC) објави дека има 100 милиони тони резерви на нафта и гас во новооткриеното поле во Бохајското Море.

Тоа го прави Божонг 13-2 една од најголемите основи за производство на сурова нафта во земјата, наведува компанијата.

Новото поле на нафта се наоѓа на 140 километри од брегот на градот Тијанџин, на просечна длабочина на вода од 23,2 метри, изјави Хоу Синхуаи, генерален директор на одделот за истражување нафта во ЦНООЦ.

Во бунарот Божонг 13-2-2, откриени се резерви на длабочина од 5.223 метри.

Бунарот е тестиран и може да произведе во просек околу 1.980 барели сурова нафта дневно.

Компанијата очекува дека дневното производство на сурова нафта и природен гас од бунарот ќе достигне 300 тони и 150 000 кубни метри, изјави Хоу за „China Daily“.
Нафтеното поле Бохаи најверојатно ќе започне со производство во 2023 година и достигнува максимално производство од 1,2 милиони тони еквивалент на нафта.

Според експертите од индустријата, откритијата на природен гас и нафта во Бохајското Море ќе го зголемат годишното производство на CNOOC на над 80 милиони тони еквивалент на нафта до 2025 година, пренесува RT.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This