Кина со дополнителни 10 милиони вакцини за Ковакс

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кина планира да обезбеди дополнителни 10 милиони дози вакцини против Ковид-19 за глобалната иницијатива за дистрибуција на вакцини Ковакс, откако три кинески компании аплицираа за иницијативата за одобрување, соопшти денеска Министерството за надворешни работи.

Ковакс, поддржан од Светската здравствена организација (СЗО) и ГАВИ, глобалниот сојуз за вакцини и имунизација, треба да започне со спроведување на програмите за вакцинација во земјите со низок и среден приход овој месец, со две милијарди од вкупно три милијарди дози што се очекува да бидат испорачани оваа година.

Кинеското Министерство за надворешни работи објави во јануари дека Синовак Биотек, Кинеската национална фармацевтска група (Синофарм) и КанСино биолоџиз се пријавиле да се приклучат на програмата.

Ванг Веибин, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи, го објави денеска планот за снабдување на редовниот брифинг со медиумите, без да навлегува во детали.

Неколку земји, вклучувајќи ги Бразил, Индонезија, Турција и Обединетите Арапски Емирати, веќе спроведуваат програма за вакцинација со вакцините Синофарм и Синовак

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This