КИНЕЗИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО АВГАНИСТАН: Кина ќе гради воена база во Авганистан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Авганистанската покраина Бадахшан се граничи со кинеската автономна област Синкјанг Ујгур. Тие некогаш биле дел од артерија помеѓу исток и запад познат како древен “Пат на свилата”. Денеска тој пат се оживува како елемент на кинеската иницијатива “Еден појас, еден пат”(OBOR), која потикнува значајна инфраструктурна изградба во Авганистан и Централна Азија, со цел да се потикнат интересите на Пекинг и покраината.

Авганистан е место на значајни депозити на сировини кои Кина би можела да ги увезува. Пекинг вложува 55 милијарди долари во соседен Пакистан и планира да изгради економски коридор кои се протега од Арапско море. OBOR, ќе ја потикне глобалната економија во корист на Авганистан. Кина е најголем трговски партнер и инвеститор во Авганистан. Стабилноста на Авганистан е во интерес на Кина, но малку е тоа вероватно дека САД ќе го дозволи.

Нестабилноста во Авганистан го загрозува економскиот коридор Кина и Пакистан – значаен елемент на OBOR. Кина делува како посредник, пробајќи да се надминат разликите меѓу регионалните актери. Односите меѓу Авганистан Пакистан се влошиле во 2017 година, кога едни со други се обвинувале дека даваат подршка на џихадистите.

Пекинг напорно работи во подобрување на тие билатерални односи, каде направи состанок за средба на сите министри за надворешни работи во 2017. Резултат од тие разговори било создавање на работни панели за промовирање соработка во различни свери на активности. Се очеува уште еден состанок да се одржи оваа година во Кабул.

Русија и Кина ја зајакнаа својата воена помош во земјите во Централна Азија. Тие веруваат дека Шангајската организација за соработка (ЅСО) може да допринесе во постигнување на мирно решение. И едните и другите настојуваат да изградат мержа во регионалните држави. Имајќи ја во вид својата одговорност како главни сили, тие работат заедно да ја промовираат безбедноста во Авганистан и Централна Азија.

Се на се, Кина знае дека нејзините интереси во таа област се доволно јаки за да го оправда воениот ангажман вон нејзините граници.

Авганистанските власти се известени дека Кина планираа изградба на воена база во Бадахшану. Дускусија за техничките работи ќе започне наскоро. Оружјето и опремата ќе биде кинеска, но објектот ќе биде граден од авганистански персонал. Возила и машинерија ќе бидат довезени преку Таџикистан.

Потпретседателот на Централната воена комисија, Су Килијанг, очекува изградбата да биде завршена во 2018 година.

За Пекинг ЅСО претставува голема меѓународна организација која вклучува актери како што е Турција, Иран, Индија, Пакистан и земјите од Централна Азаија. Минатата година и рускиот претседател Владимир Путин, преземал иницијатива за повторно покренување соработка на Авганистанска контактна група со ЅСО.

Инаку ваквите активности биле суспендирани во 2009 година. Русија се залага за дирктни разговори меѓу владата на Авганистан со талибанците, што е можно побрзо. Пекинг исто така ја подржува оваа идеја. Ова се две нации во ист брод. Москва рекла дека е подготвена да орджи конференција во Авганистан.

ЅСО може мировниот процес да го направи реален, со мултелатерален напор. Тоа вероватно ќе ја ослаби американската моќ, но ќе ги зајакне шансите за наоѓање решение за конфликтот.

Соработката и дипломатијата би можеле да отворан ново поглавје во историјата на Авганистан.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This