Кинески xaкepи гo кopиcтeлe Фејсбук зa дa cлeдaт Уjгypи вo cтpaнcтвo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фејсбук соопшти дека блокирал група кинески хакери кои ја користеле неговата платформа за да ги следат Ујгурите кои живеат во странство, привлекувајќи ги со софтвер кој, откако ќе влезат во него, ги заразува нивните уреди и овозможува да бидат надгледувани.

Американската компанија тврди дека хакерите, познати во безбедносните кругови како Earth Empusa, или Око на злото, барале активисти, новинари и дисиденти кои им припаѓаат на Ујгурите, мнозинската муслиманска етничка група која се соочува со прогон во Кина.

Фејсбук соопшти дека има помалку од 500 такви луѓе, кои доаѓаат од кинескиот регион Синџијанг и дека живеат надвор од Кина, во земји како Турција, Казахстан, САД, Сирија, Австралија и Канада.

Компанијата тврди дека повеќето хакерски активности се одвивале надвор од платформата Фејсбук, која повеќе се користела за споделување линкови до заразени веб-страници, отколку за директно споделување на малициозен софтвер на платформата.

Фејсбук тврди дека групата хакери користеле лажни профили кои се претставувале како новинари, студенти, активисти за човекови права или членови на ујгурската заедница за да придобијат доверба на нивните цели, а потоа ги наведувале на малициозни веб-страници преку кои на нивните уреди бил инсталиран шпионски софтвер.

Овие малициозни страници биле дизајнирани да личат на домени на популарни ујгурски или турски медиуми.

Фејсбук тврди дека отстранил помалку од 100 лажни профили, го блокирал споделувањето на заразени домени и ги предупредил луѓето за кои смета дека биле цел на напад.

Кина ги негира сите обвинувања и тврди дека камповите нудат стручно образование и оти се потребни за борба против екстремизмот.

Обединетите нации проценуваат дека во камповите во Синџијанг се затворени до милион луѓе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This