КИЧЕВО СО ПОРАКА: Граѓаните се освестија и нема да дозволиме никој да го уништи нашиот соживот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред платото на Домот на културата во Кичево вечерва продолжи граѓанскиот протест на здружението „За заедничка Македонија”.

kicevo3-2-640x360

На присутните им се обрати Даме Силјаноски, кој во име на граѓанското здружение, рече дека сакаат да упатат порака за унитарна Македонија на сите граѓани без прифаќање на платформи создадени во туѓи држави.

kicevo1

– Граѓаните се освестија и нема да дозволиме никој да го уништи нашиот соживот. Уште еднаш ги повикуваме сите наши сограѓани без оглед на националната, верската или партиската припадност што сакаат да живеат во нашата заедничка држава Македонија, да ни се придружат на нашиот мирен протест. Ќе продолжиме со протести додека не се осигураме дека Македонија ќе остане таква каква што си ја сакаме и каква што треба да биде – унитарна и заедничка за сите нејзини граѓани,  истакна Силјаноски.

kicevo2

Протестот продолжи со марш низ улиците на градот.

kicevo

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This