Кичеец човекот на Заев?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали Зоран Милески Кичеец за кого знаеме дека е во одлични односи со власта, впрочем тоа го вели и односот на правосудните органи кон Милески е човекот кој требало да послужи да го оцрни името на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Да се потсетиме дека кога сите беа во притвор во Шутка, Милески доби домашен притвор, а за време на пандемијата на коронавирусот, му беше укинат и домашниот притвор иако е осуден за случајот „Рекет“ на три години затвор, казна во која правните експерти уште веднаш се посомнева со оглед на тежината на делото и должината на казната. Оваа теза се наметнува по целата конструкција околу нелегално снимените разговори која ја креираа медиумите блиски до власта, по објавувањето на снимките на кои се слуша гласот на Мицкоски и Кичеец.

Лагата се засноваше на интервју на Мицкоски кој во тој момент, вели дека средби со Кичеец немал, интервју за кое тој објаснува дека се случил пред неговата средба со Милески. Мицкоски денес детално повторно објасни дека разговорот е воден пред интервјуто и ги охрабри институциите на државата уште веднаш да го истражат случајот и доколку постојат некакви инкриминирачки докази против него да биде поведена истрага и постапка врз основа на објавените материјали. Тој сепак повика истиот аршин обвинителството да го има и за другите снимки кои беа објавени, мислејќи на оние за Зоран Заев.

Тезата дали Кичеец е човек на Заев испратен да го оцрни и прислушкува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ добива нова тежина имајќи во предвид дека Милески бил човекот кој ја иницирал средбата со Мицкоски, инсистирајќи неколку дена пред претседателските избори да се сретне со него. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја постави и дилемата што правел Кичеец на 4 април во кабинетот на Зоран Заев во Владата посочувајќи дека тогашниот премиер изјавил пред присутните никој да не се грижи бидејќи овој човек мислејќи на Милески има паравојска во Охрид, и таму СДСМ ќе ги добие изборите.

Одговор: Очекував вакво прашање, видете, навистина имаше еден обид од страна на политичкиот противник да се измести вистината од вистинската оска, каде што ќе се добие впечаток којшто вие практично сега го пренесовте во форма на прашање дека практично јас не ја говорам вистината. Ќе се обидам да ви дадам одговор што откако ќе го слушнете се надевам дека ќе ви биде појасно. На барање на именуваното лице, а по претходен закажан состанок на член на структурите од партијата имавме состанок со именуваното лице и разговаравме поврзано со изборите којшто тогаш се случуваа, а тоа е пред да излезе во јавноста аферата позната како „Рекет“. На 16ти август 2019 година имав прес конференција на којашто на новинарско прашање на една ваша колешка, дали сум имал средба или било каков контакт со лицата коишто се поврзани со аферата „Рекет“ ќе го цитирам мојот одговор и ќе бидам прецизен, на истото одговорив, на Бојан Јовановски лично му го честитав роденденот од почит кон медиумот, и од почит кон медиумите бидејќи тој го побара тоа од мене, како директор сопственик на тој медиум. И да, сум се сретнал со другите лица коишто се поврзани во аферата. Тоа првиот дел од мојот одговор. Понатаму, од страна на СДСМ бев прозиван на прес конференции во стилот на прашања „да каже Мицкоски што зел од овој, оној итн…“ и следеше интервју за еден портал во коешто воведното прашање „дали вие сте имале инкриминирачка средба со лицето тоа и тоа, како што на прес конференции СДСМ ве прозива?“, и тој дел не е прикажан туку е прикажан мојот одговор, и на крајот од мојот одговор следи прашањето од водителот којшто вели „дали сте имале таква средба ?“ и јас одговорив дека не сум имал средба, мислејќи дека сум имал средба којашто мене ме инкриминира. И добро е што излезе видеото што можеше јавноста да види дека нема никакво основано сомневање за инкриминирање, ниту мое, ниту на било кој друг. И ги охрабрувам уште еднаш институциите во државата, доколку постои основано сомнение за било какво мое инкриминирање или основано сомневање за сторено кривично дело веднаш да покренат истрага, уште денеска, односно по допрен глас, откако се појавија овие нелегално стекнати материјали. Очекувам истото да го направат за останатите нелегално стекнати материјали кои се појавија или пак можеби ќе се појавуваат во периодот којшто следи, за други политичари и јавни лица. Она што сакам да кажам е дека на сведочењето едно од осомничените лица, а тоа е првоосомничениот на сведочењето пред некоја недела кажува дека бил во кабинетот на тогашниот претседател на владата, во присуство на претседателот на владата и ова лице кое што вие го споменавте, каде што претседателот на владата вели не се грижи овој човек има паравојска таму, и таму ќе ги добиеме изборите. Тоа се случува 10 дена пред мојата средба со тоа лице. Се чудам зошто беше толку големо инсистирањето 10 дена потоа тоа лице да се види со мене. Да јас сум претседател на партија и ќе продолжам да се среќавам со граѓани, коишто ценам дека можат да допринесат на некаков начин, законит се разбира во насока на остварување на победа на избори, дали се тоа локални, парламентарни или претседателски. Ќе ве потсетам уште еднаш, во моментот кога јас се сретнувам со лицето, тој не е предмет на обвинение. Но прашањето е што правеле заедно на 4 април во кабинетот на претседателот на владата.

Александар Митовски следејќи го одговорот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го запраша, дали сака да кажете дека тој човек бил човек на господинот Заев и бил уфрлен кај вас?

Одговор: Не би сакал да се спуштам на тоа ниво, денеска имавме лидерска средба во која што зборувавме за иднината на државата, за здравјето на граѓаните, како да излеземе од ова политичко мочуриште во кое западнавме. Чив човек бил и каков бил си знае тој и си знаат тие. Нити сакам да коментирам ниту на тоа ниво да дебатирам. Има поважни работи за решавање, одговори Мицкоски накратко.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This