Кичeeц ја изигpyва пpaвдата: Бидејќи се пpeceлил за одложyвање на kaзната ќе одлучува cyдот во Охрид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Милевски Кичеец вчера и денес не се појави во затворот “Скопје” каде што треба да одлежи затворска казна, иако според упатниот акт тоа требаше да го стори на 12 октомври. Од Кривичниот суд денеска информираа дека Кичеец поднел баарање за одложување на извршувањето на казната затвор, но појаснуваат дека одлуката треба да ја донесе судот во Охрид.

-До надлежниот судија за извршување санкции кој го издал упатниот акт со кој З.М. требало на 12.10.2020 година да се јави на издржување на затворската казна во КПУ Затвор Скопје, од страна на осудениот е доставена молба за одлагање на правосилно изречената казна затвор.

Истовремено осудениот го известил судот дека по приемот на Упатниот акт истиот ја променил адресата на живеење од Скопје во Охрид, па согласно одредбите од Законот за извршување санкции и тоа член 7 ст. 2 и член 137 ст. 1 од ЗИС, за одлучување по барањето за одлагање како и понатамошното постапување по предметот наделжен според адреса на живеење на осудениот е Основниот суд во Охрид, каде предметот е веќе испратен, велат од судот.

Кичеец по признание на вина во случајот “Рекет” беше осуден на три години затвор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This