April 26, 2024, 11:03 am

КЛАСТЕР администрација – Владата како најголем расејувач на короната?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата ја искористува состојбата со Ковид-19 и преќутно одобрува кршење на мерките кои ги препорачува Комисијата за заразни болести. Сите досегашни препораки и упатства кои ги донесуваше на седница на Влада беа ажурирани и наведени во дневниот преглед на настани од страна на Владата. Врз основа на тие препораки од Комисијата за заразни болести се казнуваат илјадници граѓани, додека институциите „ненамерно“ ја имаат прескокнато оваа обврска.

Додека бројчаникот на казнетите граѓани врти од дневните соопштенија на Министерството за внатрешни работи, цели институции премолчено тераат веќе втора седмица спротивно на препораките на Комисијата за заразни болести која со последната препорака од 29 јануари 2021 година препорачува мерките да продолжат, а Владата ниту донела одлука ниту одлучила, ниту препорачала мерките да продолжат, ублажат или да прекинат.

Владата одржала седници на 2 и 9 февруари според прегледот на информациите и во нивната содржина ниту го разгледала мислењето и препораката на Комисијата за заразни болести ниту пак дала понатамошни упатства за справувањето со Ковид-19.

Инфомакс ја истражи состојбата со државните институции и дојдовме до фрапантни податоци за одредени државни јавни претпријатија и единици на локална самоуправа, па дури и министерства, од кога и како се спроведуваат мерките на Комисијата за заразни болести на терен.

Официјално Град Скопје применува ротација на вработени по Сектори и одделенија, но само на хартија и само за седниците на Советот.

Така на пример во просториите на Град Скопје, и покрај тоа што јавно декларирано Градската управа „демек“ ги спроведува мерките за заштита од Ковид-19, во реалноста најголем дел односно речиси сите вработени работат присутни во просториите, без имплементиран систем за ротација на вработените во сектори. Според кажувањата на вработени од градската управа, во некои канцеларии е катастрофална состојбата, бидејќи цели сектори одат редовно на работа, а некои од канцелариите се пребукирани, односно со поголем број од препорачаниот.

Веќе имаат случаи кога од вработените или блиски на нив се веќе заболени од Ковид-19 и оправдано имаат земено боледување и одмори, па вработените во пренаселените канцеларии во градски парк стравуваат дека наскоро може да се создаде жариште кое нема да може да биде сопрено.
Револтот е голем кај вработените, затоа што додека градоначалникот Шилегов учествува на седници на Советот он-лајн преку апликација од кога се стапени на сила мерките против Ковид-19, сите вработени се приморани да одат на работа.

Во министерство за земјоделие вработените се информираат дека состојбата со Ковид-19 „очигледно е стабилна“.

Од првичните информации кои ги добивме, една од најзагрижувачките е состојбата во Министерство за земјоделие. Наредбите се праќаат во вид на пораки по е-пошта и истите се пренесувани од раководителите од Сектори до вработените, а дополнително усмено им е пренесувано на вработените.
Цело Министерство за земјоделие оди на работа по 25 јануари со посебно „експертско“ известување дека „состојбата со Ковид-19 очигледно се стабилизирала“.

И со тоа вработените кои организираа работа со редуцирани бројки, прекинува“ и дека вработените“ треба да се вратат во режим на нормална работа, па така администрацијата учествува со целосна персонална исполнетост на објектот.

Состојбата не е различна ниту во просториите на Секретаријатот за Европски Прашања, каде во одредени канцеларии бројката надминува и над 6 вработени по канцеларија, спротивно на препораките од Комисијата за заразни болести, а со преќутна согласност, односно неодлучување од страна на Владата.

Во такви услови и состојби по владините органи и тела и министерства, Владата активно ќе допринесе во создавање и ширење на нов кластер кој ќе произлезе од државната администрација, бидејќи навидум „состојбата со Ковид-19 е (???) стабилизирана“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This