April 27, 2024, 11:51 am

КЛАТИ ВРАТА ЗЕМАЈ ПЛАТА: Партиски вработувања во Општина Аеродром

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во општина Аеродром масовно се вработуваат партиски кадри на СДСМ кои се на товар на буџетот, а со тоа на товар на граѓаните.

 

За трагедијата да биде уште поголема ново вработените во општината кои наводно треба да ја чистат, се сместени во општинската зграда по канцеларии, додека останатите не партиски кадри кои со години се грижеле за чистотата, на општината останале на улица, откако без никаква причина им биле врачени откази. Според постот на Фејсбук страницата Аеродром во моето срце, општината предводена од Златко Марин започнала со измислување на работни места со цел задоволување на партиските кадри. Едно од новите измислени работни места е декоратор на бини и организатор на настани, позиција на која сега е вработен партиски кадар на СДСМ.

– Партиските вработувања на товар на граѓаните продолжуваат во општина #Аеродром . Кај со договор на дело донесоа луѓе кои наводно треба да ја чистат општината, а ги сместија во општинската зграда по канцеларии на сметка на луѓето кои неколку години беспрекорно ја одржуваа хигиената за да им ги откажат договорите и да ги избркаат. Деновиве е примена извесна Елена Бакраческа на која основна задача ќе и биде декорација на бини за организиранје на настани. Има ли нашиот градоначалник компас каде тера со општината? #ДојдеЖивот за партиските војници на сдс во Аеродром, а граѓаните се гусат во прашините, се вели во Фејсбук постот на страницата Аеродром во моето срце.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This