КЛИМОВСКИ: Мерката притвор за Сеад Кочан е хајка со цел ТВ НОВА финансиски да атрофира

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уредувачката политика на ТВ Нова не се совпаѓа со политиката којашто му е по вкус на Зоран Заев, изјави универзитетскиот професор Александар Климовски во „Отвореното студио“ на ТВ Нова говорејќи за одредувањето мерка притвор за сопственикот на телевизијата.

klimovski-640x279

Тој истакна дека Заев навестил вакви расчистувања кон медиуми кои известуваат на начин кој не му се допаѓа, и затоа ја пратија Катица Јанева со нејзиното, како што го нарече,  противуставно СЈО.

„Се работи за Сеад Кочан, човек којшто нема криминално досие, кој е успешен бизнисмен и угледен граѓанин во една бошњачка заедница која е многу јако интегрирана во државава. Истиот тој Сеад Кочан е сопственик на бизнис којшто вработува 10 000 луѓе. Се оди против тоа лице за наводен криминал кој допрва треба да се докаже, каде од формален аспект се исполнети сите претпоставки тендерот да ја има законитоста и транспарентоста, и ако покаже ревизијата дека извршувањето на работите е завршена, така како што е утврдено во договорот, нема дело“, додаде Климовски.

Тој смета дека ова е само една хајка за да се направи штета врз Сеад Кочан, па преку него и на Трансмет, а преку Трансмет како финансиер и на ТВ Нова, за конечно ТВ Нова да атрофира финансиски и повеќе да не постои.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This