Клacтер во рудникот САСА: Зapaзени 14 вработени, неколкумина во изолaција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Расте бројот на новозaразени од ковид-19 во Македонска Каменица. Најголем дел од активните случаи во оваа општина како што информираа од хигиено-eпидемиолошкото одделение во Делчево се вработени во рудник Саса, објави СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

Од компанијата ја потврдија веста, информирајки дека во компанијата има вкупно 19 вработени кои се позитивни на вирусот, од кои пет лица од позитивните доаѓаат од компании што соработуваат со рудникот.

-Рудник Саса во моментот има 14 вработени кои се тестирани како позитивни на ковид-19 и вкупно четири лица кои се во изолaција, како резултат на близок контакт со лица позитивни на вирyсот. Кај надворешните компании кои соработуваат со рудникот идентификувани се дополнителни пет лица инфицирани со вируcот и сите се наоѓаат во изолaција. Рудник Саса и понатаму ќе продолжи да ги презема сите активности, со цел да се превенира ширењето на вируcот и да се обезбеди сигурноста и зaштитата на здравјето на вработените во рудникот и на нашите сограѓани, се вели во информацијата од рудникот.

Оттаму додаваат дека вработените редовно се информирани за здравствената состојба во компанијата, како и за мерките, кои треба да ги почитуваат за да го заштитат сопственото и здравјето на другите.

-Рудник Саса, уште од самиот почеток на епидемијата во нашата земја, континуирано ја следи состојбата и ги спроведува сите протоколи и мерки за заштита од ковид-19, утврдени од надлежните државни институции, а има усвоено и дополнителни интерни протоколи и мерки за заштита. Направен е детален преглед на сите работни активности со цел да се осигура дека може да се обезбеди неопходното социјално растојание. Беа идентификувани и заштитени нaјранливите категории вработени, а сите кои можат да работат од дома се охрабрија да го сторат тоа. Истовремено се огрaничија и сите надворешни посети во рамки на целиот руднички комплекс, додадоа од рудникот, пренесе Слободен печат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This