Клacтeрoт СДСМ се проширува, Георгиевски позитивен на кoрoнaвиpyc, Рашкоски чека резултати

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски е позитивен на коронавирус. Како што дознаваме, тој е сместен на Инфективната клиника во Скопје.

Резултати од тестот за коронавирус чека и генералниот секретар на Владата, Драги Рашкоски. Дека тој не ги почитува мерките јавноста виде по неговите фотографии како низ продавници шета без да носи маска.

СДСМ стана кластер на коронавирус. Потпретседателот Михамед Зекири јавно откри дека тој, сопругата и бебето се позитивни на корона. Беа сместени и на Инфективната клиника.

Позитивна на коронавирус е и директорката на УЈП, Сања Лукаревска. Овие функционери од СДСМ терајќи партиски кампањи освен своето, го ризикуваа и здравјето на другите.

Десетици партиски функционери, меѓу кои и премиерот и министри завршија во изолација поради опасноста да се заразени со коронавирус.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This