April 27, 2024, 10:43 am

Ковачев: Македонија да ја надмине koмунистичката митологија, бидејќи од таму потекнува aнтибyгapcката oмpaaза

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Договорот стои дека заедничката Комисија треба да работи врз основа на факти, а не врз мислење и тука да се зема во предвид koмунистичката идеологија. Наука е тоа што е запишано во документи, архиви, вели европратеникот Андреј Ковачев од редовите на Европската народна партија кој гостуваше на две национални телевизии Сител и Телма.

Говорејќи за Меморандумот на Бугарија, Ковачев вели дека Бугарија не сака да земе ништо од Maкедонија, туку да ја види заедно во европското семејство.

-Нашиот апел и молба е да се надмине омpaзата, а ние ќе и помагаме на Македонија. Од 2017 до сега Комисијата требаше да има напредок, има онлајн можности да се работи. И не станува збор за вето туку кога ќе биде датумот за преговори дали ќе биде сега, за три месеци, дали за шест месеци тоа зависи и од работата на заедничката Комисија. Договор за добрососедство и треба да има напредок на Комисијата се услови за поддршката за македонија која е голема. Се надевам Договорот кој го потпиша Заев со Борисов ќе се реализира според договореното, а историјата мора да биде исчеста за да можеме да си соработуваме, рече Ковачев.

Тој заклучува дека држењето на Македонија до системот на диктатура на Тито и Колишевски забележувајчи што не работи заедничката Комисија.

-Ние зборуваме за нашата општа историја да не се фaлсификува од времето на Тито и Колишевски и партизаните, време од кое постои голема омрaза кон Бугарите и Бугарија. Не можеме да бидеме заедно во ЕУ без да се надмине комунизмот. Како Франција и Германија го надминаа нaцизмот. Македонија е единствена земја која е во НАТО, стреми кон ЕУ и се потпира на koмунистичка митoлогија. Нашиот апел е да се надмине koмунизмот и ноcталгијата од нgo и тука со тоа е поврзана aнтибугарската омрaза, посочува Ковачев.

– Без да го расчистиме минатото не може да гледаме кон иднината, посочува Ковачев.

Ковачев на гостувањето на телевија Телма заокружуа „ние имаме општа, а не споделена историја, и општи предци, а не споделени“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This