Ковачев: Не пocтои македонски идентитет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европратеникот Андерј Ковачев вели дека Македонија сама си го сопира патот кон ЕУ и дека никој не смее да ја обвини Бугарија која во последните децении Бугарија постојано и подава рака на Македонија…

„Таа е позицијата на Бугарија 30 години. Ние сакаме да закорачиме кон вистината за нашата заедничка, бугарска историја. Не постоел паралелно во вековите на македонски и бугарски идентитет, македонски и бугарски јазик, тоа е сегашна безумна теорија“ вели Ковачев во изјава за бугарското радио ФОКУС .

Според него, запирањето или одложувањето на преговарачкиот процес е само и исклучиво во областа на политичката и академската елита, од т.н. „историчари“ и сите оние кои немаат смелост да ја погледнат и да ја признаат вистината.

Андреј Ковачев вели дека Договорот за добрососедство е потпишан во 2017 , но комисијата од македонската страна работи бавно, тромаво безволно, не ги објавува прифатените протоколи за да не стигнат решенијата до македонската јавност..

„Лажењето и фалсификувањето не се европска вредност – вели Ковачев – Оваа манипулација со историјата денес доведува до омраза“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This