КОВАЧЕВ: Не сакаме да им го одземеме Делчев на Македонците, наследници на ист народ сме

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не сакаме да им го одземеме Гоце Делчев на Македонците, бидејќи и ние и тие сме наследници на еден ист народ кој што во минатото не се делел, вели бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.

-Денеска се навршуваат 117 години од смртта на Гоце Делчев. Личноста на големиот револуционер не треба да не разделува, туку треба да ги обединува Бугарија и Република Северна Македонија. За жал, интерпретацијата на современата реалност е основа на апсолутното фалсификување на историјата, изјавил Ковачев за БГНЕС.
Според него, многу е важно современите поколенија во Македонија да не продолжат да бидат учени на невистина, која на крајот создава омраза и поделби.

Истовремено, тој вели дека никој не сака да му наложи на современото население на Македонија како да се нарекува.

-Во основата на нашиот спор не е современата реалност, туку интерпретацијата на историјата. Затоа таканаречената мешана комисија треба да се базира на фактите и на историските извори, а не на интерпретациите на одделни историчари. Ако не продолжи да работи комисијата и ако продолжи фалсификувањето на историјата, додека нема напредок, ќе се одложи меѓувладината конференција. Како што кажа и премиерот Бојко Борисов, топката е во нивниот двор. Жал ми е што нашите соседи се прават дека не слушаат и не го почитуваат договорот кој што го постигнавме, додава Ковачев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This