КОВАЧЕВ ПРЕСЕЧЕ: Вашиот современ македонски идентитет лежи на бугарската национална историја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вие добивте датум затоа што Бугарија го поддржа тоа. Без Бугарија немаше да добиете датум. Бугарската позиција е јасна, јасно се напишани условите што мора да се исполнат за Бугарија да продолжи да ја поддржува Македонија во сите фази на пристапниот процес, вели во интервју за мкд.мк бугарскиот европарламентарец Андреј Ковачев, член на владејачката партија ГЕРБ.

Додава дека не е случајно тоа што во заклучоците на Советот на Европа од 24 март се наведува дека добрососедските односи и исполнувањето на договорите со Бугарија и Грција се критериум за следење на текот на преговорите за членство.

– Бугарија секогаш ја поддржуваше, ја поддржува и ќе продолжи да ја поддржува Македонија во интеграцијата во во НАТО и во ЕУ. Бугарија е првата земја што го ратификува Договорот за пристапување во НАТО. Наша единствена желба е во ЕУ да не влезат мaнипулациите и лaгите за историјата. Затоа беше потпишан и Договорот за соседство и беше формирана експертската комисија. За жaл, Македонија еднострано ја прeкина работата на оваа комисија и тоа е основата на проблeмот, а со тоа не се исполнуваат членовите од Договорот за добрососедство, вели Ковачев.

Потврдува дека во Македонија живеат Македонци и го зборуваат македонскиот јазик. Тоа е современата реалност, вели европратеникот и додава дена не може и нема право да го спори тоа што се чувствуваме како Македонци.

Но, во ЕУ ќе може да влезете само откако ќе ги решиме сите историски отворени прашања. Нема што да спориме за тоа кој бил Гоце Делчев, Даме Груев, Христо Татарчев… Вашиот современ македонски идентитет лежи на бугарската национална историја. Тоа мора да се реши. За тоа нема никакви дилеми меѓу бугарските политички партии, во бугарското општество воопшто. Затоа е многу битно заедничката експертска комисија што е можно побрзо да си ја заврши работата, потенцира бугарскиот европратеник.

Во врска со различните толкувања на бугарските услови од страна на македонските политичари Ковачев смета дека тоа не е негова работа и дека нема да се вклучи во спорење на искажаните ставови, повторувајќи дека нема ништо ново во ставот на Бугарија.

-Треба да е јасно дека Бугарија во никој случај не ја оспopува сегашната реалност во Република Северна Македонија. Во исто време, Бугарија во никој случај не може да прифати да ја промени својата историја, ретроактивно. Времето на југокомунизмот е неповратно завршено. Македонија денес треба да ја гради својата иднина врз основа на вистината. На македонскиот суверенитет во никој случај нема да му се наштети ако се признаат историските реалности. Македонската државност датира од 1944 година, кога почна процесот на утврдување на денешниот македонски идентитет. Врз основа на еден од бугарските дијалекти, денешниот официјален јазик на Република Северна Македонија е кодифициран. Македонија нема да биде помалку достојна и почитувана членка на ЕУ и НАТО ако ги признае овие историски реалности. Напротив, тоа ќе ја гарантира нејзината безбедност и просперитет, смета Ковачев.

На прашањето дали условите содржани во Изјавата на Бугарија се еднострани и спротивни на главните европски вредности, европратенокот Ковачев вели дека не, сите одлуки во процесот на пристапување се донесуваат едногласно.

-Од одлуката за отворање на преговорите до решението за ратификација, клучна е позицијата на секоја земја-членка. Не мислам дека поддржувањето на историските лaги и мaнипулации од комунистичката ера од времето на Титова Југославија е дел од европските вредности. Одбележувањето на Koмунистичките празници не е европска вредност. Говорот на омpaза насочен кон соседите не е европска вредност. Необјавувањето на кoмуниcтичките архиви и агентите на УДБА исто така не е европска вредност. Мaнипулациите во историјата се елемент на тотaлитарните идеологии. Во koмунистичка Бугарија, бугарските koмунисти го лaжeа и го тepoризираа народот. Истото се случуваше и во Титова Југославија. Европската заедница е основана врз принципите на заемно почитување и демократски вредности. Верувам дека е крајно време да се собереме да ги надминеме лaгите, истакнува Ковачев.

Целото интервју со бугарскиот европарламентарец Андреј Ковачев, можете да го прочитате на порталот МКД.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This