Кога си дел од ДУИ тоа значи дека си заштитена бела мечка: И братучедот на Ахмети се огради од одговорност за автобуската нecреќа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

45 загинати наши сограѓани е исходот од автобуската трагедија која пред два дена се случи на автопатот „Струма“ во соседна Бугарија. Трагедија која беше посочена како најголема во Европа.

Тагата засекогаш ќе остане, но одговорноста мора да се има веднаш. Веднаш, затоа што трагедиите станаа секојдневие, три дена се зборува за тоа и после се заборава, се враќаме пак на секојдневните политички теми кои не трујат. Овој пат не смее така.

Кога ни се случи трагедијата кај Ласкарци, компанија за превоз на патници која автобусите си ги носела во својот технички центар кои не знаеме кој тоа го контролирал но ги знаеме последиците од „контролата“ и причините за трагедијата – наместо трајно да им се забрани вршење на превоз на патници тие уште непрекинато возат без никакви пречки. Судскиот процес уште трае, случајот се влече по судските одаи, а за таквата ситуација членовите на семејствата на жртвите фрлаат сомнеж дека тоа е така поради што дел од обвинетите се блиски до владејачката ДУИ.

Дополнително отежнува и тоа што во нашиот Кривичен законик, во делот на сообраќајни деликти не постои одговорност за правни лица па така, како што не одговараа од компанијата „Дурмо турс“, најверојатно нема да може да одговара ниту „Беса транс“, доколку би се откриле неправилности во водењето на фирмата која врши превоз на патници.

Кога си дел од ДУИ тоа значи дека во Македонија си заштитена бела мечка. Ти не одговараш за последиците и имаш дозвола да правиш буквално што сакаш, никој не смее да те повика на одговорност а ако некој се дрзне за тоа – другата македонска власт, онаа која е помошна на главната власт – ДУИ ќе те нападне дека го поткопуваш Рамковниот договор и си против напредок и евроинтеграциите на нашата земја, како што милуваат да ја викаат.

Дополнително, како поминуваат деновите и како полека се навлегува во целиот процес и причините за трагедијата, како пинг-понг топче се префрла одговорноста од институција на институција. Никој не презема одговорност, сите повикани и надлежни мислат дека доколку облечат црна ролка и направат тажна фаца, се ќе се среди. Така на пример, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски се појави на прес и докажа дека врска нема што се случува околу него и дека не е во негова надлежност она за што е надлежен. Откри, исто така, дека автобусот на смртта немал извод од лиценца за меѓународен транспорт. Немал, но сепак вршел. Како ова ни се случува? Каде е пропуста?

Бочварски не може да се изземе од одговорност само со одземање на лиценцата на Беса транс, тој најмалку што може е од морални причини да си поднесе оставка. Но, зборуваме за морал кој треба да се има. И како ќе одземеш лиценца на оној што ја нема?

За потсетување, кога во Бугарија се случи автобуска несреќа во која животот го загубија 17 лица, тројца бугарски министри си дадоа оставка.

Топката се префрли кај Руфат Хусеини, директор на Државниот инспекторат за транспорт кој истовремено има уште една важна функција – а тоа е братучед на Али Ахмети.

И тој се огради од било каква одговорност и пропуст на институцијата со која самиот раководи, топката ја префрли на граничните премини кои според него не смееле да го пуштат автобусот да ја напушти државата доколку не поседувал соодветна документација.

Истовремено Хусеини призна дека не се прави доволен инспекциски надзор кај превозниците, бидејќи според него – не располагале со доволен број на инспектори.

Во Утрински брифинг, рече:

„Најголем проблем е што немаме доволен број на инспектори. Во моментов имаме 12 инспектори, а тоа е недоволен број за да се направи надрзор на сите компании кои вршат превоз на патници и на стока. Поради тоа трпи и инспекцискиот надзор. Од оваа автобуска несреќа и од несреќата кај Ласкарци научивме дека треба да се подобри состојбата во цела држава за да нема вакви несреќи. Тоа значи дека треба компаниите да имаат подобри и понови возила, а доколку немаат, старите и неисправни возила да не се регистрираат, односно да не можат да поминат на технички преглед. Одговорност не треба да се бара само кај Инспекторатот за транспорт туку и кај МВР и станиците за технички преглед, додава Хусеини и нагласува дека досега ретко се случувало да има преоптовареност на возилото односно да се продадени повеќе билети отколку што има капацитет“.

Бујар Османи пак, исто така кадар на ДУИ и министер за надворешни работи експресно ги отфрли шпекулациите кои се вртеа во јавноста, дека во автобусот се шверцувала нафта и пиротехнички материја кои требале да завршат на македонските пазари. На уште ниту една официјална информација од истрагата која е во тек, тој ја отфрли можноста за такво нешто. Е сега се поставува прашањето дали Османи е видовит или знае нешто кое јавноста не го знае.

Има многу прашања на кои треба да се даде одговор, јавноста ги очекува и со право фрла сомнеж, бидејќи целата држава остава таков впечаток. Она што е најважно е дека мора конечно да се одговара пред институциите и да нема „наши“ или „ваши”, законот да важи буквално за сите бидејќи само така, ќе спасиме повеќе животи и ќе спречиме вакви трагедии.

Корумпираноста на системот е она кое е главна причина за сите случувања, не само овој случај. Потребен е целосен ремонт и поставување на државата на прав пат која нема да вози како автобусот на Беса транс.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This